Во кој од овие влезови најмногу се плашите да влезете? Вашиот одговор открива многу повеќе отколку што очекувате!
Ледена пештера
Стравот за влегување во ледена пештера покажува дека трошите премногу време и енергија за потрага по емоционална топлина. За вас може да се каже дека стравувате од чувствата како што се тага и фрустрација, како и од тоа да останете сами.
Стравот од ледена пештера покажува и дека моментално минувате низ добра фаза во животот, бидејќи дефинитивно знаете што сакате и што ве прави среќни. Имате големи вредности и не сакате премногу да се врзувате, бидејќи ја сакате независноста и слободата.
Богатството кое го барате е љубовта и тоа не само онаа романтичната, туку и добар однос со пријателите и членовите на семејството.
Напуштена куќа
Ова е еден од најлошите кошмари за вас, бидејќи домот ви ја симболизира љубовта и сигурноста за кои копнеете. Многу сте дарежлива личност која не бега кога му е потребна некому.
Секогаш тежнеете кон тоа да им помогнете на најблиските и да им го олесните животот. Многу сте лојални и срдечни, но за жал, сите луѓе не го ценат тоа. Да ја видите куќата во разрушена состојба за вас претставува пропаст, банкрот.
Богатството што вие го барате е материјалната безбедност. Знаете дека мора напорно да работите за да го постигнете тоа, но не ви пречи. И запомнете, кога ќе дојдете до него, внимавајте да не станете себични – оние кои искрено ве сакаат нема да бараат од вас луксузни предмети, туку љубов и поддршка.
Тунел
Ако најмногу се плашите да влезете во овој тунел, тоа значи дека морате да поработите на доживувањето и прифаќањето на луѓето и настаните со кои се сретнувате.
Кај вас проблемот е во тоа што вашите мисли и идеи не се сосема бистри, односно би требало да гледате појасно, а со тоа и ќе размислувате подобро. Би требало да ги оставите сите проблеми и да пронајдете решение како да ги избистрите своите мисли. Инаку, многу сте паметни и срдечни.
Богатството што го барате е довербата во себе. Морате да ги изразувате вашите чувства, бидејќи тоа е начин на кој ќе ги решите сите ваши сомнежи и проблеми, но и сите работи ќе ви станат појасни.
Сина врата
Оваа сина врата е затворена со синџири. Нејзината боја потсетува на небо и море, а симболизира стабилност. Вие сте многу продуктивна личност и обично доаѓате до целите кои си ги поставувате, иако честопати е многу тешко.
Исклучително сте креативни и сте во состојба да ги решите сите проблеми на едноставни начини. Секогаш се обидувате да го дадете најдоброто од себе и вие сте роден лидер.
Богатството кое го барате е удобноста, а за да ја постигнете, не смеете да претерувате со обврските и работата, туку би требало малку повеќе да се опуштите и да уживате во животот.
Ви предлагаме да направите уште еден интересен тест. Изберете врата и откријте каков е вашиот животен пат.