Вистинската приказна на Џон Неш која е подраматична од „Генијалниот ум“ (А Beautiful Mind)
Терапија со инсулински шок и напуштање на семејството
Болеста на Џон продолжила да се влошува, а агресивните третмани не дале резултат. Тој зборувал во трето лице и им се јавувал на неговите колеги за да ги предупреди за други теории на заговор.
Кога ситуацијата излегла од контрола, Џон повторно завршил во клиника. Овде добил терапија со инсулински шок, односно бил ставен во кома со инсулин. По излегувањето од болницата, поранешните колеги му понудиле работа, но тој ја одбил и повторно заминал во Европа.
Ова патување било премногу за Алисија. Таа се развела од него и сама го чувала нивниот син. За жал, кога бил тинејџер, и синот на Џон бил дијагностициран со шизофренија. Тврдел дека гласовите што ги слуша се од Бог, а истовремено имал и визуелни халуцинации.
Кога се вратил од „патувањето“, Џон добил работа на Универзитетот Принстон и запознал психијатар кој му препишал полесни лекови, различни од оние што бил присилен да ги зема во болниците. Лековите ги потиснале симптомите на Џон, па тој повторно почнал да комуницира со сопругата и синот. Но, и ова не траело долго – Џон се плашел дека лековите му влијаат на размислувањето па престанал да ги зема, а со ова се вратиле и симптомите.
На универзитетот, Џон талкал како дух и пишувал чудни формули на таблите, па поради ова неговите студенти го викале Фантом.
Битката со шизофренија и две престижни награди
И покрај тоа што болеста била уште посериозна, Алисија му дозволила да се всели во нејзината куќа. Таа се чувствувала како да го предала кога се развела од него. Можеби оваа одлука го спасила генијалецот од бездомништво, бидејќи Џон немал негов дом и често престојувал во хотели и кај негови пријатели.
Неговите симптоми не се подобриле сè до 1980-тите. Лекарите биле воодушевени и не знаеле што се случило. Тајната на Џон била тоа што тој ја користел неговата моќ на умот за да не им обрнува внимание на симптомите и почнал повторно да истражува во математиката. Во овој период веќе целосно престанал да зема лекови.
Друго можно објаснување е дека симптомите се намалиле со неговата возраст. Па, можеби ова бил природен процес и болеста не исчезнала магично.
Во 1994-та година, Џон добил Нобелова награда за економски науки за дисертацијата што ја напишал кога имал 21 година. Тој не држел официјален говор, бидејќи организаторите биле загрижени за неговата ментална состојба. Наместо ова, се организирал семинар каде што научниците разговарале за придонесот на Џон во теоријата на игри.
Неколку години подоцна, 38 години после разводот, Џон и Алисија повторно се венчале. Кратко пред неговата смрт, Џон ја добил најпрестижната награда од светот на математиката – Абеловата награда. Тој е единствената личност што има освоено и Нобелова и Абелова награда.
Џон и Алисија умреле на истиот ден, во истиот момент. Во 2015-та година, загинале во сообраќајна несреќа. Џон имал 86, а Алисија 82 години.
Прочитајте ја и вистинската љубовна приказна од Титаник која е многу пормантична од онаа на Џек и Роуз.