Верното пријателство помеѓу кучето Роско и орангутанот Сурија
Орангутан и куче, кој би рекол? Но, сепак постои и вакво пријателство. Кучето Роско и орангутанот Сурија си имаат и своја сликовница која им ја направиле сопствениците, каде што сите нивни фанови можеле да се потпишат на нејзината промоција во една книжарница во Џорџтаун, Јужна Каролина.
Приказната за нив започнува на плажата Миртел бич, каде Сурија го забележала напуштениот Роско. Таа му пришла и тоа веднаш прераснало во неразделно пријателство. Сопствениците на Сурија го вдомиле и Роско и оттогаш па натака тие прават сè заедно, но се чини највеќе уживаат во пливањето. Едно е сигурно. Природата понекогаш нè изненадува со нејзините чудни пријателства.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.