Успешните актерки ги открија најдобрите совети што некогаш ги добиле
Сите ние го цениме добриот совет. Без разлика дали тој доаѓа од нашата мајка, сестра, баба или пријателка… Понекогаш добриот совет може многу да ни помогне во некоја ситуација или да ни даде поттик за да продолжиме понатаму. Затоа, познатите актерки решија да ги споделат најдобрите совети кои ги добиле со вас и да ви дадат инспирација во вашиот живот.
Сузан Сарандон
„Секогаш можете да си опростите или да си се извините за работите кои сте ги направиле, но никогаш нема да успеете во тоа за работите кои сте сакале, а не сте ги направиле.“
Кејти Холмс
Мајка ѝ и рекла: „Можеш да бидеш убава, и можеш да бидеш талентирана, но никој нема да те запомни доколку си зла.“
Рис Витерспун
Дедо ѝ ја советувал: „Никогаш не се откажувај од добрата шанса.“
Ема Вотсон
Вели за мајка ѝ: „Ми даде до знаење дека што и да мислам, или што и да кажам или направам, ќе биде многу поважно од мојот физички изглед. Дури и кога целиот свет ми го кажува спротивното.“
Кејт Хадсон
Совет од нејзината мајка Голди Хоун: „Секогаш цени ги своите пријателки, бидејќи момците може да дојдат и да си заминат, но кога го негуваме пријателството со жените, тоа останува засекогаш.“
Лив Тајлер
„Знај да воспоставиш контакт со очите, но немој никогаш да зјапаш во некого. Мајка ми ме научи на тоа.“
Хелен Мирен
„Мојата наставничка ми кажа дека не треба да се плашам да бидам успешна.“
Џенифер Гарнер
Мојата мајка секогаш ми велеше: „Среќата е твоја одговорност! Тоа е она што јас најчесто го цитирам, и како сум научила да живеам. Ако имате тежок пат пред себе, ваша одговорност е да го направите што е можно попријатен.“