Уметноста на мајчинството, убавината на создавањето на животот
Жената блеска со посебен сјај кога е во блажена состојба. Без разлика дали го чека првото дете или веќе има родено, таа станува симбол на мајчинството и постојано потсетување за убавината на создавањето на новиот живот.
Кога големите мешиња ќе почнат да ги оптегнуваат фустаните, долната облека и некогаш широките туники, тоа е одлична прилика да се направат уметнички фотографии кои ќе останат како убав спомен откако детето ќе биде донесено на свет. Ако се наоѓате во блажена состојба или планирате забременување, оваа селекција од професионални, но и од аматерски фотографии може да ви послужи како инспирација.
Па, сегашни и идни мамички, разголете ги мешињата и позирајте пред фотоапаратот. 🙂