Топ 10 најчудни растенија во светот

Топ 10 најчудни растенија во светот

Автор: Марија Смокварска

Некои танцуваат, други се кријат од срам, трети се огромни, четврти воскреснуваат… ова се најчудните растенија во светот.
.

1. Welwitschia mirabilis – најотпорно растение во светот

Топ 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОва растение се смета за уникат во природата. Ги населува пустинските пространства на Намибија. Не е многу убаво за гледање, но со своите карактеристики е единствено. Целото растение се состои од 2 листа кои со својот раст образуваат многу чудни форми, како во филмовите со вонземјани. Стеблото може да порасне до 2 метри во висина и 8 метри во широчина. Животниот век му е од 400-1500 години, а тоа што го прави единствено е тоа што може да преживее до 5 години без дожд. Локалните жители му дале едно симпатично име: Оnyanga, што во превод значи пустински кромид бидејќи го користат и во исхраната.
.

2. Dionaea muscipula – стапица за инсекти

Топ 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотDionaea muscipula е едно од најпознатите месојадни растенија поради својата стапица за инсекти. Можеби ова растение е славно, меѓутоа е и многу опасно, барем за оние малечки инсекти со крилца. Растението има 2 големи шарени листови кои во внатрешната страна се обложени со ултрасензитивни влакнеца кои детектираат присуство на сè од мравкa до пајак. Неговата стапица се затвара за помалку од секунда.
.

3. Rafflesia arnoldii – растение со најголем цвет во светот

Топ 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотЕве едно егзотично и доста ретко растение кое без разлика на тоа колку е убаво, нема да сакате да го посадите никаде блиску до вашиот дом. Тоа ќе го создаде најголемиот цвет на светот кој тежи 7-10 кг. Но, иако на изглед е многу раскошно и живописно, неговиот цвет ја создава една од најодвратните миризби на светот  – онаа на скапан труп. Дури во Индонезија, местото од каде потекнува, е наречено Corpse Plant (растение-леш). Rafflesia arnoldi цвета само последните 3 дена до една недела и за неговиот опстанок потребни се идеални услови. Дури и по опрашувањето, само 10-20% од расадот успева да преживее. Со малку среќа (или за несреќа J), после 9 месеци ќе почне да цвета.
.

4. Desmodium gyrans – танцувачко растение

Топ 10 најчудни растенија во светотДенес, ова растение е познато и како Танцувачка трева или Растение-семафор (наречено така по начинот на играње на листовите слично како сигналите од семафорот). Инаку е многу обично растение, лесно се чува, си игра среќно на сончево време и бара наводнување. Баш како секое нормално растение :).

.
5. Euphorbia obesa – растение-бејзбол

Топ 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОва растение е ендемит кој живее во регионот Great Karoo во Јужна Америка. Целото растение е во форма на бејзбол топче од каде го добило и името. Заштитено е со закон со цел да се зачува што е можно повеќе од останатата дива популација. Во последно време, сè почесто се одгледува во ботаничките градини и расадниците, со што се осигурува дека растенијата кои ќе стигнат до рацете на колекционерите не се растенија од дивината.
.

6. Romanesco Broccoli – растение-карфиол

Топ 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОва растение е откриено во 16-от век во Италија и е во блиско сродство со карфиолот. Поради некоја причина, растението расте спирално движејќи се логаритмички кон центарот. Неговиот раст е сличен на фрактал, кој претставува геометриско тело со доста сложен дизајн, изведен од едноставни математички правила.
.

7. Baobab – дрво во форма на шише

Топ 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотBaobab е заедничко име на родот Adansoniа кој опфаќа 8 видови дрвја. Жител е на Мадагаскар, континентална Африка и Австралија. Наречено е дрво-шише, не само поради неговиот изглед, туку и заради способноста да складира околу 300 литри вода. Не е чудо што живеат повеќе од 500 години.
.

8. Dracaena cinnabari – змејско крваво дрво

Топ 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОвој вид е најверојатно еден од најпознатите и најкарактеристичните видови на островот Сокотра во Индискиот Океан. Неговиот изглед е во форма на превртен чадор и има густа крошна. Ова е зимзелен вид кој лачи темно црвена смола што потсетува на крв по што го добил и своето име.
.

9. Mimosa púdica – срамежливата мимоза

Топ 10 најчудни растенија во светотMimosa pudica (pudica – срамежлив) е едно од најсензитивните растенија во светот. Тоа срамежливо мало цвеќенце при секаков допир или потрес си ги затвора ливчињата и по неколку минути пак ги отвора. Епа кој би рекол дека и растенијата имаат чувства? 🙂

.
10. Selaginella lepidophylla – воскреснувачко растение

Топ 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОва растение е пустински вид кој е способен да преживее речиси целосно сушење. За време на суша, неговото стебло се завива во цврста топка и по изложување на вода повторно се отвора. Живее во пустината Chihuahuan во Северна Америка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Tamawa Reply

    Сакам танцувачкото растение дома да ми игра 🙂

  2. Nikola Slobodan Cemerikic Reply

    PROSTO CHOVEK DA SE VOODUSHEVI, SE SHTO MOZJE PRIRODATA DA NI DARUVA

  3. Jovana joka Reply

    ехех чудо не сум чула за тацувачко растение ниту за мимоза 😀

Остави коментар