Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!
Што кажува бојата на вашата аура?
Сина
Сините се отелотворение на брзината, нагонот за негување, одгледувањето и заштитата. Тие најмногу од сите бои во спектарот се грижат за помагање на луѓето. Наоѓаат смисла во помагањето на поединци, тоа за нив е начин на живот. Тие се великодушни и даваат сѐ од себе за да помогнат на некого. Тоа е уметност на насетувањето, служење на потребите на другите, која истовремено значи и одржување на своето достоинство. Сините се чувствуваат исполнети, ценети и корисни кога можат да им помогнат на соседите или на некој што е болен, давањето за нив значи живот.
За сините најголем предизвик е спознавањето на она што ги чини среќни и тоа да го најдат. Толку се окупирани со служење на другите што премалку време и внимание посветуваат на својот духовен и емотивен развој. Би требало да го ограничат своето емотивно, физичко и духовно давање, мораат да научат да велат „не“. Треба да се огледаат на мудриот готвач кој дел од храната ја подготвува за другиот ден. На тој начин можат да ја задржат својата лична сила. Мораат да научат да ги распоредуваат своите внатрешни резерви и дел од своето време и енергија да го посветат на самообновување.
За нив, физичката реалност е валкана, грда и груба.
Имаат силно развиена интуиција, но тешко им е она што го знаат да го претворат во корисна информација. Емоциите им се темел врз основа на кои ги донесуваат одлуките и преземаат акции.
како се пресметуваат поените?
Овде е објаснето:
Собирањето се врши откако ќе одговорите на сите искази. Има повеќе групи прашања кои се однесуваат за одредени бои. За секоја група прашања се собираат поените и така го добивате збирот за конкретната боја. Онаа боја за која ќе добиете најмногу поени е примарната боја на вашата аура, следната е секундарната, која е исто така исклучително важна, бидејќи таа ја одредува вашата следна форма на делување.
Знам дека постов е стар, но ме интересира што се случува кога повеке групи ке добијат ист најголем збир. На пример јас добив дека E, З, Ѕ ми даваат збир 28, а втор најголем збир ми е 26 и тој го добив на групите под букви В и Д. Како да знам кои бои преобладуваат кај мене?
Како што стои во текстот: Онаа боја за која ќе добиете најмногу поени е примарната боја на вашата аура, следната е секундарната, која е исто така исклучително важна, бидејќи таа ја одредува вашата следна форма на делување. Во ваков случај значи дека повеќе бои се примарни.
Jas nishto ne razbiraaam ve molaam objasnete mi kako se reshava nesfatliviov test ?! -.-
Секој исказ се бодува од 1 до 5 според тоа колку се согласуваш со кажаното. На крајот поените се собираат според групата во која прашањата (исказите) припаѓаат. Така се добива збирот за секоја конкретна боја. Онаму каде што ќе добиеш најголем збир, тоа е твојата примарна боја.