Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!
Што кажува бојата на вашата аура?
Кристална
Кристалните се родени исцелители. Тие ја користат енергијата за претворање на светлината во зраци кои лекуваат. Тие постануваат медиуми или водачи за сопроводување на исцелителска енергија. Во состојба се да ја зголемат својата лична физичка моќ до онаа точка на која доаѓа до прочистување на душата и умот за да може физичкото лекување да започне.
За кристалните најголем предизвик е да научат како да излезат на крај со својата дарба за исцелување. За да не привлекуваат внимание на себе, тие постануваат камелеони во спектарот и ги впиваат другите бои за да се сокријат и заштитат. Така го замаглуваат своето енергетско поле и си наштетуваат на самите себе, додека истовремено ги збунуваат другите. За нив е предизвик да се запознаат себеси и своите посебни таленти, така за да не мораат да се кријат зад својата емотивна маска.
Физичката околина ја доживуваат како нешто грубо, непријателско и ладно. Тие се бистри, брзи и интелектуално живи. Многу читаат и сакаат телевизија, кино и театар. Кога се во прашање чувствата, тие ги впиваат и одржуваат чувствата на другите бои пропорционално на бројот на луѓето со кои стапуваат во контакт. На пример, деловите од кристалната аура ќе станат црвени ако се дружат со луѓе со црвена аура. Но, нив им е многу тешко да се дружат со луѓе. Тие се многу срамежливи и им недостасува самодоверба. Во односите со другите: црвените ги загрозуваат кристалите, портокаловите се нивна тотална спротивност, сините се разликуваат од нив во сѐ, виолетовите со нив чинат идеална комбинација. Изворот на својата сила ја наоѓаат во способноста да се повлечат во себе, тајноста и привидната дистанцираност.
Кога станува збор за парите, тие се многу внимателни. Нив им одговара секоја професија која им овозможува самостојна работа. Духовноста за нив значи мирен живот.
Сѐ што е грдо, валкано и непривлечно во нив предизвикува физичка болка. Физички се чувствителни на бучава и разни видови загадување. Опседнати се со чистота, но бидејќи не патат од сентименталност, чуваат само по некоја работа што нешто им значи. Одбираат книги кои ги инспирираат, поминуваат многу време размислувајќи за своите верувања, медитирајќи и молејќи се за детали од својот живот.
Кристалите делуваат многу нежно и кревко, па другите приземјени бои сакаат да ги присвојат. Нив им недостасува инстинкт за соодветно социјално однесување, па тоа го учат од надворешни извори како филмовите, телевизијата, книгите и другите луѓе. Тие често почнуваат реченица со „треба да“ и „морам да“.
Им одговара секоја работа која има врска со лекување, одлични се како духовни советници, учители и водачи на верски обреди. Нивната физичка кревкост и чувствена ранливост спречува многу кристали отворено да ги искажат своите интереси и таленти.
како се пресметуваат поените?
Овде е објаснето:
Собирањето се врши откако ќе одговорите на сите искази. Има повеќе групи прашања кои се однесуваат за одредени бои. За секоја група прашања се собираат поените и така го добивате збирот за конкретната боја. Онаа боја за која ќе добиете најмногу поени е примарната боја на вашата аура, следната е секундарната, која е исто така исклучително важна, бидејќи таа ја одредува вашата следна форма на делување.
Знам дека постов е стар, но ме интересира што се случува кога повеке групи ке добијат ист најголем збир. На пример јас добив дека E, З, Ѕ ми даваат збир 28, а втор најголем збир ми е 26 и тој го добив на групите под букви В и Д. Како да знам кои бои преобладуваат кај мене?
Како што стои во текстот: Онаа боја за која ќе добиете најмногу поени е примарната боја на вашата аура, следната е секундарната, која е исто така исклучително важна, бидејќи таа ја одредува вашата следна форма на делување. Во ваков случај значи дека повеќе бои се примарни.
Jas nishto ne razbiraaam ve molaam objasnete mi kako se reshava nesfatliviov test ?! -.-
Секој исказ се бодува од 1 до 5 според тоа колку се согласуваш со кажаното. На крајот поените се собираат според групата во која прашањата (исказите) припаѓаат. Така се добива збирот за секоја конкретна боја. Онаму каде што ќе добиеш најголем збир, тоа е твојата примарна боја.