Тест: Што открива начинот на кој ја јадете вашата пица за вашиот карактер?
Прво ја јадете кората
Прво моравме да провериме дали луѓето навистина вака јадат пица, но да, има такви случаи. Тие кои најпрво ја јадат кората сакаат да бидат поинакви – тие сакаат да поставуваат трендови и да им кажуваат на луѓето што да прават. Сакаат да бидат драматични, честопати зборуваат гласно и го сакаат вниманието што го добиваат поради нивните постапки – уште подобро ако вниманието е пропратено со мал восхит. Не се плашите да кажете дека нешто е кул уште пред Интернетот да го потврди тоа, затоа што така вие можете да ги земете заслугите. Вие знаевте дека начинот на којшто ја јадете пицата беше кул уште пред сите да го прифатат.