Тест на личноста: Изберете ливче во бојата која најмногу ви се допаѓа - Part 7

Тест на личноста: Изберете ливче во бојата која најмногу ви се допаѓа

6. Бело ливче

6-test-na-lichnosta-izberete-livche-vo-bojata-koja-najmnogu-vi-se-dopagja-kafepauza.mkЗабелешка: Ретко кому белата боја на личноста е омилена боја од детството. Белата обично станува омилена во момент кога личноста поминува низ некој преоден период во животот, подготвувајќи се за нови почетоци или барајќи нови насоки во една или повеќе области од животот. Но, описот на личноста, доколку ја избравте белата боја, важи и за оние кои ја сакале белата отсекогаш како и за оние кои поминуваат низ транзиција, иако за вториот случај може да се однесува само на моменталните карактеристики на личноста, кои ќе поминат кога ќе заврши и транзиционата фаза. Оваа фаза може да трае со недели или со години.

Белата боја на личноста значи дека вие сте уредни и беспрекорни во својот изглед, во начинот на кој го уредувате домот и начинот на кој го одржувате автомобилот, скоро до степен да бидете фанатични.

Вие имате безгрешни стандарди за чистота и хигиена и очекувате другите да се придржуваат на нив.

Умеете да гледате на далечина. Имате позитивна и оптимистична природа.
Стабилни сте, сензибилни, промислени и мудри.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Dragan Ivanovski Reply

    Sram da vi e brisete komentari na posetiteli na stranata.Nikoj nikogas da ne vi ja otvori da dade gospod.Jas barem imam hrabrost i so celo ime i prezime go kazuvam javno svoeto mislenje.Kade otide zemjava 🙁 zalnooo :S

    • Кафе пауза Reply

      Драган, сте оставиле име, но не сте оставиле имејл за да би можеле да се разбереме како луѓе, да не се препукуваме вака преку коментари.

      Како прво, зборот за кој сте се закачиле, не е не знам што па толку агресивно да настапувате. Плус, ние сакаме да користиме по некој сленг одвреме-навреме. Нам нè читаат живи луѓе, кои, сакале да признаете или не, ги користат овие зборови во секојдневието. Зборот го има во Дигиталниот речник на македонскиот литературен јазик, па ако може да го има кај нив, зошто не и кај нас. Ние сме пред сè забавен портал, има многу поголеми проблеми од „неправилната“ употреба на зборот „додева“. Почнете од формалното образование, па продолжете со домашното воспитување, заокружете со големите медиуми кои имаат средства и моќ да вработуваат лектори, свратете кај другите портали кои се помалку моќни од првиве, и на крај може да завршите кај нас. Ние сме новинари, и за еден збор кој, правилен или не, излегол објавен така, не се потресуваме. Не треба ни вие.

      Второ, да се срамиме што не сме го објавиле вашиот коментар? Не, не се срамиме. Ние имаме уредувачка политика, па ако некој одлучил да навредува без усул, не се чувствуваме должни да го испочитуваме јавно.

      Ако вие сте исфрустриран од кои и да се други побуди, ве молиме не користете го нашиот портал како медиум за расфрлање негативни коментари. Многу се трудиме да останеме позитивни. Сте кликнале на линкот за да се забавувате со еден интересен тест. Можело тука да заврши. Или, во најмала рака сте можеле да нè „искарате“ учтиво.

      Трето, лесно е да се критикува од позиција на анонимец (извинете, ама тоа што сте оставиле име и презиме ама баш ништо не значи во оваа доба на Интернет). Повелете, направете портал, работете си го (литературно!) и трпете ги таквите како вас кои ќе мислат дека за секакви ситници имаат право да „си го кажат своето мислење“ и згора на сè – да бидат лути што не сте им го одобриле коментарот.

      И навистина ви посакуваме да отворите портал и да ни покажете како се прави тоа професионално. Наместо клетва, ни ви велиме со среќа. Баш сакаме да учиме од подобрите. 🙂

Остави коментар