Тест на личноста: Дали сте задоволни со вашиот изглед?
Резултати
Соберете ги поените за вашите одговори и дознајте во која група спаѓате.
До 27 поени
Перфекционисти: Свесни сте за вашите квалитети, го сакате вашето тело, но тоа не значи дека секогаш сте задоволни од вашиот изглед. Убедени сте дека можете да изгледате уште подобро. По природа сте нарцисоидни, а таа особина ви дава сигурност и ви помага полесно да ги исполните вашите желби. Сакате кога другите ви се восхитуваат, но свесни сте дека совршениот изглед не се постигнува преку ноќ. А за да го постигнете тоа, спремни сте да вложите време, труд и пари.
Од 28 до 60 поени
Самокритични: Имате целосно „демократски“ однос кон вашиот физички изглед – понекогаш сте задоволни, понекогаш не. Свесните сте за вашите предности и недостатоци и секогаш сте подготвени за промена. Ако нешто не излезе како што сте планирале, не се вознемирувате премногу. По природа се оптимисти и знаете со иронија да гледате на вашите недостатоци. Не ви претставува проблем што не сте секогаш во топ форма. Дури и кога ќе ве фати криза за вишокот килограми, знаете дека тоа е минливо и брзо ќе се вратите во нормала.
Над 60 поени
Рамнодушни: Вам не ви е важно дали сте убави или грди, слаби или дебели. Какви сте такви сте, и убави сте си за вас. Изгледот никогаш не ви бил на прво место. Наместо затегнати мускули и занесни облини, многу повеќе ги цените интелектуалните способности и добрината. Вам ви е доволно да слушнете некој искрен комплимент за да се чувствувате подобро. По природа сте отворени, шармантни, сакате да се шегувате и омилени сте во друштвото. Вам тоа ви е доволно за да бидете спокојни.
Дали знаевте дека формата на вашето лице кажува многу за вашиот карактер?