Тест на личноста: Дали сте оптимистичен реалист или духовен оптимист?
РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОТ
1. Од 0 до 4 поени – Песимист кој може да се смени
Сте поминале низ многу тешки периоди во животот и не очекувате ништо добро од иднината. Проблемите за вас се нешто природно, а радостите претставуваат случајност. Кога ќе ви се случи нешто лошо мислите дека засекогаш ќе се чувствувате лошо. Тоа ве доведува до чувство на беспомошност и безнадежност. Потешкотиите ги припишувате на вашите негативни особини, а не на ситуацијата и затоа преземате одговорност за сѐ што ќе ви се случи. Тоа доведува до чувство на вина и намалена вредност. Иако добро е да преземате одговорност за работите што ви се случуваат, вие претерувате со вашите самообвинувања.
Ослободете се од тие чувство. Почнете да ги цените малите нешта што ви ги дарува судбината. Секој ден будете се со чувство на благодарност. Таму некаде постојат луѓе кои се борат за она што ние го земаме здраво за готово. Наместо да мислите на она што ви недостасува, потсетете се на она што го имате, а другите го немаат. Во животот се случуваат работи што сме ги заслужиле, но и такви кои ќе нѐ научат на одредени лекции. Ако постојано мислите дека заслужувате подобро и повеќе, никогаш нема да сфатите што е потребно за да созреете.
Личниот развој, позитивното друштво, поминувањето време во природа и учењето се одлични начини да станете попозитивни и поголеми оптимисти. Читајте, вежбајте, хранете се здраво, медитирајте, пронајдете инспиративни луѓе и работете на себе. Успехот нема да изостане!
2. Од 5 до 9 поени – Благ песимист
По природа сте весели, но во животните борби сте изгубиле голем дел од вашиот оптимизам. Се плашите од неуспех и затоа се повлекувате во себе. Мислите дека сѐ што е добро кратко трае. Без разлика колку ви е тешко, не заборавајте дека грешките ќе ви помогнат да ги пронајдете вистинските работи и луѓе за вас. Сите правиме грешки, поминуваме низ лични борби и се каеме поради некои нешта од минатото.
Но, вашите грешки и борби не ве дефинираат. Вие сте тука и сега и имате моќ да го обликувате вашиот ден и иднина како што сакате. Сѐ што ви се случило во минатото било подготовка за моментот кој допрва треба да дојде. Тој момент нека биде сега. Излезете од вашата лушпа! Имате доволно сила за да ги промените работите на подобро.
Почнете со тоа што ќе ги контролирате вашите мисли. Негативните заменете ги со позитивни. Наместо да си кажете „Не сум најдобриот за оваа работа“, кажете си „Ќе дадам сѐ од себе“. Сосредоточете се на она што го имате и сакате, а не на она што го немате и не го сакате.
3. Од 10 до 14 поени – Реалист
Вие сте реалисти кои знаат да се ценат себеси, но и другите. Знаете како да си поставите задачи и да ги решите. Активни сте во животот. Поседувате оптимистичка надеж и песимистичко разбирање, што ви помага да најдете мотивација, но и да размислувате критички. Вашата психички сила не се состои од површниот безгрижен став, туку од фактот што стоите со двете нозе цврсто на земја. Вие сте емотивно стабилни и размислувате со ладна глава во комплицираните ситуации.
Еден од најголемите животни предизвици е да останете свои во свет кој се обидува сите луѓе да ги направи исти. Секогаш ќе има некој поубав, попаметен и поспособен од вас, но тој нема да биде ист како вас. Немојте да се менувате за да им се допаднете на другите. Бидете свои и ќе ги освоите вистинските луѓе за вас. Не заборавајте да бидете креативни, иновативни и да го негувате детето што живее во вас.
4. Од 15 до 18 поени – Оптимист
Вие многу ретко паѓате во депресија. Секогаш ја гледате светлата страна на нештата. Многумина не можат да разберат од каде потекнува вашиот голем оптимизам. Лошите настани ги припишувате на моменталните околности, односно верувате дека работите набрзо ќе се променат. Не се обвинувате себе за секоја негативна случка. Брзо станувате по секој пад. Наместо да се растажите, да се почувствувате безнадежно и да се откажете, вие успевате да излезете од секоја неповолна ситуација благодарение на креативното размислување и оптимизмот.
Без ваквиот внатрешен позитивен став, животното секојдневие многу лесно може да се претвори во кошмар. Секако дека ако постојано си повторувате дека сте среќни додека тонете во безнадежност, нема навистина да станете среќни, но со промена на начинот на размислување ќе можете да си ги олесните тешките периоди. Само продолжете да ги истражувате и практикувате духовните техники, читајте, патувајте, дружете се и разменувајте искуства. На добар пат сте!
5. Од 19 до 20 поени – Заразен оптимист
Вашиот оптимизам е бесконечен. Лошите настани како да не постојат за вас. Браво! Прашањето е само дали вашиот оптимизам се заснова на материјалните или духовните работи? Во овој свет не можеме да бидеме целосно материјално среќни од две причини. Најпрво, сѐ што се случува на овој свет е привремено и минливо, па така и среќата. Второ, и покрај тоа што сте најголеми оптимисти, сепак, можете да го забележите туѓото страдање. Како би можеле да бидете среќни ако гледате дека другите страдаат?
Секој човек дошол на овој свет со некаква причина. Сите искуства што ги доживуваме би требало да ни ги отворат очите и да ни помогнат да сфатиме дека овој реалноста на овој свет не е таква каква што ние ја гледаме. Зголемувањето на платата, новиот телефон и новиот партнер можат привремено да ни го подобрат расположението, но ефектот брзо исчезнува. Главниот клуч за вистинската среќа не лежи во она што го имаме, туку во начинот на нашето постоење.
Вистинската среќа подразбира длабоко чувство на благосостојба, внатрешен мир и виталност. Таа се јавува спонтано и природно кога ќе направиме премин од егоцентрична личност во урамнотежено автентично битие. Доколку сте духовни оптимисти чиј позитивен став потекнува од вистинското разбирање за себе и светот во кој живееме, вие сте на најдобриот можен пат.
Најдобро е да се биде токму тоа: Материјален реалист и духовен оптимист!
Доколку ви се допадна овој тест, направете го и следниов тибетски тест на личноста.