Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.
„За сè има причина, и за секоја цел под небото има време. Време за раѓање и време за умирање, време за рушење и време за градење, време за фрлање камења и време за собирање камења, време да се молчи и време да се зборува.“
Во последно време забележувам еден тренд на напаѓање, навредување, критикување и како последица на претходните – банирање. Без да наведувам конкретни имиња на групи, ќе споделам неколку свежи искуства од кои бев запрепастена.