Татко ја натерал својата 10-годишна ќерка да носи облека која ќе ја казни поради тоа што флертувала онлајн

Татко ја натерал својата 10-годишна ќерка да носи облека која ќе ја казни поради тоа што флертувала онлајн

Децата растат брзо. Некогаш родителите не можат да си поверуваат колку брзо растат нивните деца. Со овој факт морал да се соочи еден татко кој дознал дека татината принцеза, неговата 10-годишна ќерка флертувала онлајн, лажела за своите години, дури и тврдела дека има момче во кое е вљубена до уши.

Татко ја натерал својата 10-годишна ќерка да носи облека која ќе ја казни поради тоа што флертувала онлајн

Загрижениот татко веднаш презел мерки бидејќи она што неговата ќерка го правела било сосема спротивно од начинот на кој ја воспитувал и на правилата кои ги поставил. Така, Кевин Џонс се погрижил неговата ќерка да биде казнета за своите постапки и добро да ја научи лекцијата. Тој на социјалните мрежи објавил фотографии на кои се гледа дека девојчето има детска фризура, носи ранец со детски принцези, и како тоа да не било доста понижувачки, носи и розова маичка на која пишува дека таа има 10 години.

Татко ја натерал својата 10-годишна ќерка да носи облека која ќе ја казни поради тоа што флертувала онлајн

Што точно сакал да постигне овој татко и како ова ќе влијае на животот на неговата ќерка не можеме да знаеме. Но, едно е сигурно, тој се погрижил себеси да се увери дека неговото мало девојче е уште негово мало девојче.

Дали го одобрувате овој начин на казнување и воспоставување дисциплина? Што би сториле да сте на местото на овој родител?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. ВБ Reply

    Не се ни двоумам да кажам дека ни малку не е за одобрување. Случајот е типичен пример за насилство(според дефиниција на СЗО) каде агресорот во овој случај е родителот, иако тој смета дека преземал добронамерна воспитна мерка, се поставува прашањето: како овој чин ќе влијае врз понатамошниот развој на ќерката?

Остави коментар