Тајното значење што го крие вашиот скапоцен камен според месецот на раѓање
Јули – Рубин
Античките Индијци го нарекувале рубинот „крал на скапоцените камења“. Се верувало дека овие црвени камења го заштитуваат нивниот сопственик од зло, но и дека привлекуваат среќа и љубов. Доколку вечерва треба да излезете на љубовен состанок, нема да погрешите доколку се накитите со овој скапоцен камен.
Август – Оливин
Дали глетката на зелени лисја на дрвјата по долгата зима ве прави среќни? Истата филозофија важи и за светкавиот зелен оливин. Според легендата, овие весели скапоцени камења се солзите на вулканската божица Пеле и имаат моќ да ве заштитат од депресија и негативни мисли. Ве очекуваат многу стресни настани наредна недела? Можеби треба да ставите некаков накит со оливин за да го задржите позитивното расположение.
Септември – Сафир
Овие прекрасни сини камења се толку моќни што во минатото луѓето ги ставале отровните змии во садови со сафир обидувајќи се да ги убијат. Така се родила идејата дека овој скапоцен камен треба да се користи како заштита од зло и болести. Поради тоа, сафирот со векови бил омилениот камен на свештениците и благородниците.
Октомври – Опал
Името на овој скапоцен камен потекнува од латинскиот збор „opalus“ што во превод буквално значи „скапоцен камен“ и претставува симбол на самодоверба, невиност и креативност. Опалот ги покажува дамките на човечките очи, па затоа се смета дека го подобрува видот и ги заштитува очите. Можеби освен вашите очила за сонце и шешир треба да го носите и вашиот прстен со опал нареден пат кога ќе одите на плажа.
Ноември – Топаз
Во Средниот век свештениците носеле топаз за да промовираат чиста мисла и да ја негуваат добрата волја кај луѓето. Денес, топазот се смета и за симбол на пријателството. Се верува дека овие скапоцени камења му помагаат на сопственикот да оствари значајни врски и односи со луѓето во неговиот живот. Доколку барате работа, можеби треба да ставите некаков накит со топаз за да си помогнете во потрагата. Што можете да изгубите?
Декември – Тиркиз
Ацтеките и Египќаните го обожавале тиркизот за кој се верува да ја поттикнува опуштеноста и смиреноста кај луѓето. Многу древни култури верувале дека овој скапоцен камен исто така нуди заштита од злобните очи (односно луѓето кои не ви мислат добро). Ако мислите дека сте опкружени со непријатели и токсични луѓе, слободно ставете го вашиот тиркизен прстен и избркајте ги злобниците.
Во продолжение дознајте повеќе за моќта на драгоцените камења.