Што зборува за вас музиката која ја слушате?
Постојат многу мал број студии кои истражуваат зошто го имаме токму оној музички вкус кој го имаме. Психологот Тод Кашдан зборува за една таква студија која ја испитува поврзаноста меѓу музичките преференции и пет основни карактеристики на личноста: отвореност за искуства, совесност, екстровертност, љубезност и невротицизам. Овие откриле пет основни музички вкусови.
- Софистициран – главно инструментална музика, која е комплексна, интелигентно компонирана и инспиративна. Пример за ова е класичната музика.
- Непретенциозна – релаксирачка, романтична и на моменти тажна музика, како лесните кантри рок звуци.
- Интензивна – отсечни вокали, гласна, агресивна и брза музика, како на пример хеви-метал или панк рок.
- Мека – нежни и романтични звуци, понекогаш тажни, како во џезот, РнБ и соул музиката.
- Современа – синтетички звуци присутни во голем распон на жанрови, од електронска до рап музика.
Споредувањето на петте основни лични карактеристики во однос на петте основни музички вкусови покажало дека постои одредена поврзаност меѓу нив која говори за тоа дека музичките преференции можат да укажат на одредени црти на карактерот.
Склоноста кон софистицирана и интензивна музика значи поголема отвореност кон нови искуства, либерални ставови, љубопитност и креативност, со таа разлика што оние со софистициран музички вкус се склони кон послушност и поучување во меѓучовечките односи, а оние кои ја сакаат интензивната музика се поставуваат доминантно и ѝ подлегнуваат на својата импулсивност. Љубителите на интензивната музика исто така се најмалку самодисциплинирани. Ним постојано им фали организираност, но се спонтани.
Преферирањето на непретенциозна музика укажува на љубезност, но истовремено и на затвореност за искуства, недостаток на љубопитност и конзервативни ставови. Овие личности не се многу заинтересирани за истражување на своите чувства, вредности и соништа.
Музичкиот вкус во кој примарно место зазема современата музика укажува на екстровертност, љубезност и либерални ставови, но овие личности може и да се трудат да останат незабележливи во разни ситуации од социјалниот живот.
Меката музика зборува за високо ниво на отвореност кон нови искуства.