Што се случува со децата генијалци кога ќе пораснат и зошто некои од нив едноставно пропаѓаат?
6. Џејкоб Барнет
Кога имал 2 години, Џејкоб бил дијагностициран со аутизам. Одел на посебни часови на училиште, но мајка му сфатила дека материјалот му е прелесен. Почнала да го учи дома и за кратко тој почнал да присуствува на универзитетски предавања по физика и астрономија. Џејкоб завршил средно за 2 недели и се запишал на колеџ на 10-годишна возраст. Кога имал 13 години развил своја теорија за релативност и добил многу рецензии од неговите колеги. Сега е почитуван астрофизичар.
7. Полина Осетинскаја
Полина е пијанистка и ќерка на познатиот руски писател Олег Осетнски. Тој користел негови методи за да ја одгледа ќерка си и до 8-годишна возраст таа можела да свири 30 часа музика. Нејзиниот татко ѝ викал дека не е талентирана и дека знае да свири само поради неговите методи.
Кога имала 13 години, Полина го напуштила домот. Излегло дека татко ѝ вербално ја малтретирал и таа повеќе не можела да издржи. Денес Полина одржува многу концерти, а нејзините колеги велат дека нејзиниот талент е неспоредлив.
8. Грегори Смит
Грегори научил да чита кога имал 2 години, се запишал на факултет кога имал 10 и бил номиниран за Нобелова награда на 12. Денес е доктор на науки во областа на биологијата. Според него, науката ни е потребна за да најдеме ефективни третмани.
9. Клеопатра Стратан
Клеопатра е ќерка на Павел Стратан, пејач од Молдавија. Кога била бебе, нејзиниот татко ја зел во студиото додека снимал песна. Додека пеел, девојчето рекло дека ги знае зборовите и го фатило микрофонот. Сите присутни се вљубиле во нејзиниот глас. На 3-годишна возраст Клеопатра го снимила својот прв албум. Денес е пејачка и има речиси 4 албуми.
10. Мајкл Керни
Кога имал само 4 месеци, Мајкл ги кажал неговите први зборови, а научил да чита кога имал 10 месеци. На 6-годишна возраст матурирал, а дипломирал кога имал 10 години. Мајкл се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди како најмладиот дипломец. На 14 години станал магистер, а на 17 станал универзитетски професор. Денес работи како научник и има хоби – учествува во интелектуални игри. Еднаш речиси освоил 1 милион евра.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека можеби и вашето дете е генијалец.