Што се случува кога момчињата и девојчињата учат одделно 3 години? - Part 2

Што се случува кога момчињата и девојчињата учат одделно 3 години?

Девојчињата се подобри за групни задачи

Што се случува кога момчињата и девојчињата учат одделно 3 години?

Во овие експериментални паралелки девојчињата покажувале подобри резултати во групните задачи. Веднаш си доделувале улоги, разговарале за задачата и заедно го наоѓале решението. Сепак се однесувале неодлучно и срамежливо кога требало да завршат индивидуална задачата, дури и ако го знаеле точниот одговор.

Исто така наставниците забележале дека девојчињата треба да се пофалат, дури и за нивните грешки. Во спротивно се затворале и им било страв да одговараат. Момчињата не го разбираат овој метод.

Момчињата ги сознаваат нивните лидерски способности во овие паралелки

Што се случува кога момчињата и девојчињата учат одделно 3 години?

Кога нема девојчиња, момчињата не се двоумат да го кажат своето мислење, дури и ако тоа не е прифатено од мнозинството. Иако вревата била честа во училницата, наставниците забележале дека момчињата се помалку агресивни во овие паралелки. Секое момче сака да се покаже пред девојчињата. Во овие паралелки сите ученици се еднакви, па ова „покажување“ се насочува кон развивање на лидерски способности.

Друг интересен факт е што во мешаните паралелки момчињата настојувале да се расправаат едни со други, додека во експерименталните момчињата си помагале.

Почитта кон наставниците е поголема

Што се случува кога момчињата и девојчињата учат одделно 3 години?

Во овие паралелки полесно е да се поврзете со девојчињата, а момчињата не се расправаат со професорите бидејќи нема кого да импресионираат. Можеби е потребно време да се најде вистинскиот пристап, но по некое време секој ученик го почитува наставникот.

Еден од наставниците споделил едно искуство. Еднаш заборавил да ги потсети учениците да ја исчистат училницата. Следниот ден забележал дека и покрај тоа, тие ја исчистиле и му рекле дека веќе се доволно зрели за да знаат.

Здравјето и држењето на телото се подобри во одделните паралелките

Што се случува кога момчињата и девојчињата учат одделно 3 години?

Во овие паралелки се подобрило и здравјето на децата. Во машките класови момчињата правилно го држат своето тело. Систематските прегледи покажале дека децата помалку се разболувале во овие паралелки. Исто така се забележало дека во мешаните паралелки учениците слабееле во првите 6 месеци поради стрес и прилагодување. Ова не се случува кога учениците се одделени.

Се зголемил бројот на одлични ученици

Што се случува кога момчињата и девојчињата учат одделно 3 години?

Момчињата и девојчињата имаат разни интереси. Наставникот не може да им го задржи вниманието на сите, па мора да присилува одредени ученици да завршат некоја задача. Дисциплината и казнувањето со лоши оценки станало приоритет. За жал, на овој начин функционираат повеќето училишта. Пред одделувањето, околу 3% од учениците биле одлични. По одделувањето овој број се зголемил за 8-10 пати.

Експериментот бил успешен, иако имал и недостатоци

Што се случува кога момчињата и девојчињата учат одделно 3 години?

Овој метод има поддржувачи, но и луѓе кои се против него. Некои луѓе сметаат дека ова е чекор назад ако се земе предвид пубертетот. Директорот на училиштето изјавил дека проблемот обично настанува поради премногу заеднички активности. Во Русија бројот на бремени ученички се зголемил, па тоа би требало да биде причина за грижа.

Некои луѓе сметаат дека ова е прв чекор кон расизам и одделување преку ментални и физички карактеристики. Исто така постои мислење дека машките паралелки се совршена околина за идни манијаци. Експериментот и одделните истражувања го покажуваат спротивното и ништо се нема спротивставено со оваа критика. Сепак, децата комуницираат навистина многу надвор од училницата.

Што мислите вие, зошто децата во Финска се попаметни од децата во Македонија?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар