Што прават очајните по внимание на Фејсбук?

Што прават очајните по внимание на Фејсбук?

Фејсбук е супер алатка која може да се употреби на многу различни начини, но и да се злоупотреби. Оние кои ја злоупотребуваат во потрага по внимание успеваат на тој начин да ги изнервираат сите блиски и далечни пријатели, освен другите трагачи по внимание кои се држат до нив поради заедничките потреби. Кај секој од нив се забележуваат дел од овие знаци.

Што прават очајните по внимание на Фејсбук?

Постојано го ажурираат статусот иако немаат ништо ново да кажат. Не е битно што ќе стават. Тоа може да бидат мудри цитати, површни цитати, љубовни стихови, песни, што било… само да ги има секој ден на почетната страница. Или повеќе пати во денот.

Често ја менуваат сликата на профилот. Ако не им текне некој интересен статус, доволно е уште еднаш да се сликаат или да ѝ стават некој ефект на постара профил-слика и веднаш да ја направат достапна за сите. Несигурноста ја покриваат со идентичен израз на лицето на сите слики или евентуално со испакнати усни. Лајковите се неизбежни.

Често постираат нејасни статуси. Знаат дека малкумина ќе разберат на што мислат, или можеби никој, но сепак ќе си стокмат статус кој ќе биде видлив за сите пријатели. Тоа дава аура на мистериозност во која можеби ќе уживаат ако добиваат прашања во коментари, но повеќето нема да реагираат затоа што ги нервираат со своето нејасно обраќање кон нив.

Се чекираат каде и да одат. Сеедно дали се со срцките на шопинг или на кафе, гледаат филм дома со девојката, или на некое место од типот на Земјата на чудата, пожелно е другите да го знаат тоа.

Се жалат за личните проблеми. И тоа за оние за надвор од виртуелниот свет, за кои се зборува со најблиските луѓе. Чест метод се нејасните статуси, ем си кажуваат што им лежи на душа, ем можат полесно да добијат изрази на сочуство и симпатија во коментарите.

Што прават очајните по внимание на Фејсбук?

Се жалат дека им го „манијачат“ профилот. Со оглед на тоа што секој сам одбира колкав дел од својот живот ќе го направи јавен и им го покажува на огромен број луѓе, тогаш воопшто не може да се зборува за појава на манијачење на Фејсбук. Сепак, тие не пропуштаат да кажат дека тој и тој постојано им виси на профилот, им дели лајкови на секоја објава, слика итн. Тоа ним всушност и не им пречи, со оглед на тоа што можат да се пофалат дека некој им укажува внимание.

На ѕидот на пријателот го пишуваат она што е за во инбокс. Тоа не е нешто сериозно, но разговорот продолжува во коментарите и завршува со „чекам детали во инбокс“. И сите ќе се прашуваат какви тоа убавини им се случуваат ним.

Имаат над 1.000 пријатели. Голем дел не ги познаваат, други ги виделе само еднаш во животот, но не може жедта за внимание на социјалните мрежи да се задоволи со само 300 пријатели. Ако секој ден им се обраќаат на пријатели кои можат да населат едно мало гратче, вниманието од неколку стотини од нив не им бега.

Се возбудуваат кога ќе добијат некакво известување. Или постојано проверуваат дали некој им пишал. Кога во горниот лев агол ќе се појави знакчето со црвена боја, имаат црно на бело дека некој таму мисли на нив.

Се трудат да се истакнат во групната фотографија. Ако се во позадина некој може да не ги види.

Што прават очајните по внимание на Фејсбук?

Добри се со сите на Фејсбук. Затоа што ако му згрешите некому во виртуелниот свет тој истиот може утре да му наштети на вашиот имиџ на социјалните мрежи. Колку лајкови ќе посеете денес, толку ќе ожнеете утре.

И надвор од Фејсбук мора да се во центарот на вниманието. Ако дел од нивните пријатели направат некаков план во кој не се вклучени, тоа може многу да ги повреди.

Изнудуваат комплименти. Свесни се дека прават сè што е во нивна моќ за да изгледаат и да се чувствуваат добро, но и покрај тоа не се чувствуваат удобно во нивна кожа сè додека другите не ги преплават со комплименти.

Се фалат со небитни работи. Кому му е важно колку ви е добро што сте феминистка, дали вашата Барселона е подобра од нивниот Реал или сте рокер кој мрази турбо-фолк?

Сте забележале ли нешто што може да се додаде на оваа листа?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Aна Reply

    Би ги додала и оние што ставаат по минимум 200 фотографии од некое патување, без уметничка вредност, сликале се на што налетале 🙂

    • Борче Reply

      И ти не си по различна. 🙂
      Не мора сликата да има уметнички ефект,поентата во сликата е да те потсете на некој момент што ти бил важен,а не ако не собериш лајкови и да а бришиш(како шо прават едно добри 70% од луѓето на ФБ.

      Инаку на листата би додал дека неизбежни се фалбаџиите,луѓето од големото добро утро и глупите шо им лижат газ со лајкови и коментари ако не ги познават.

  2. kala Reply

    alal da ti e bre PETAR!dovolno e i ova dodal ti ili ne toa e…

  3. ahm Reply

    *Коментарот е модериран

    eпaaa шо * ти бараш бе на фејсбук?

  4. Boni Reply

    Mi treba vnimanie, pa aj da slikam shto jadam vo momentov:)))

    • jas Reply

      Haha da, ili pisuva “Palachinkiiii <3 :*" a jade kompir mandza. :))

  5. ha Reply

    znaci fb si e otvorena mreza, ne znam sto se bunite koj sto saka ke stava, kepostira sto saka, ima luge sto ne go otvaraat fb voopsto, zasto go koristat ondak tie, koj kako si saka, vakvi bedni statii ne bi trebalo ni da pisuvate

  6. sani Sanja Reply

    или пак некои што молат на чат `ај лајк на ова слика`

  7. Zgodni Reply

    Nisto ne e na mesto ooo moi makedonci ova e napisano samo od strana na iritiranost hipokritski stav a iako gorenavedenite raboti se povrsni normalno so nekoi isklucuvanja i nemozes da napravis statija za normalni voobicaeni raboti mnoug nisko od vasa straana ee admine si zahejtal fejsbuk i od taa priparmna frustracija ti go donelo isturanje bes na edna statija kade vo pametot is go podelil na nekoi podtocki sto vrska nemaat kako samata strana nema so da piseme aj za faecbook ke bide denes LOOOOL :DDDDDDDDD

  8. РТД Reply

    Vie ne ste go sfatile dobro fejsbukot ma sekoj smee da napise i da postira i da pravi so saka na fb a takvite kako vas so nemat svoj zivot gledaat drugite sto pravat so postiraat dali se slikaat i kolku se slikaat…pateticni ste ve zalam

Остави коментар