Што може да ви каже положбата на спиење на вашето куче?
4. Свиткано во топка
Во оваа положба кучињата се обидуваат да ги заштитат нивните шепи, грло и виталните органи. Исто така ветеринарите сметаат дека на овој начин тие и се топлат. Понекогаш е можно вашето куче да биде загрижено доколку спие на овој начин, на пример од некоја врева. Но некои кучиња само се чувствуваат удобно во оваа позиција.
5. На грб
Ова е најопуштената положба на спиење кај кучињата. Стомакот и грлото се незаштитени, а ова се нивните најранливи делови од телото. Ако миленичето ви спие на овој начин, тоа значи дека целосно ви верува и се чувствува навистина удобно со вас. Исто така оваа положба може да значи дека на кучето му е премногу топло или е навистина изморено. Ако кучето често спие на овој начин, тоа значи дека се чувствува безбедно и лесно се прилагодува на различни услови.
6. Мртва лебарка
Ова е една варијација од положбата на грб, само што изгледа многу посмешно. Оваа положба значи дека вашето куче е навистина среќно и се чувствува безбедно. Исто така животните што спијат во оваа положба често се независни и смирени.
Дознајте и нешто повеќе за значењето на постапките на вашето куче.