Што кажуваат за нас фотографиите кои ги споделуваме на социјалните мрежи - Part 2

Што кажуваат за нас фотографиите кои ги споделуваме на социјалните мрежи?

6. Фотографии со животни

(6)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Ако станува збор за профил на фотограф, тогаш фотографиите со диви животни во нивната природна средина е доказ за професионалност. Но, ако маж стави некој волк или леопард како профилна слика, тој сака да се претстави како силен и храбар, а всушност не е. Жените, по правило, ставаат слатки фотографии од зајчиња, мачиња и слично за да се претстават во тоа светло. Овие фотографии укажуваат на сентиментална и детинеста личност.

7. Природа

(7)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Ако имате многу фотографии од пејзажи, тоа значи дека сте задоволни од животот. Животот ви е успешен, па сега можете да ѝ се восхитувате на природата. Исто така овие фотографии може да означуваат замор од секојдневното темпо и потреба за приватност и уживање во природната убавина.

8. Гламурозен изглед

(8)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Мнозинството вакви фотографии ја откриваат потребата од поддршка во форма на лајкови или коментари. И ова е причина да размислите за вашата самодоверба и за алтернативните начини на кои можете да ја изградите без да зависите од лајкови во виртуелниот свет.

9. Фотографии од патувања

(9)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

За некои луѓе овие фотографии кажуваат „Гледајте како и каде можам да си дозволам да се опуштам.“ За други, овие фотографии претставуваат материјален доказ за патувањето, како и емоциите од него.

10. Фотографии со јахти и скапи автомобили во позадина

(10)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Ова е начин да му кажете на светот за вашиот успех (најчесто имагинарен или посакуван), да одржите некој социјален статус, и да изјавите „Мојот живот е одличен!“

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар