Сè што треба да знаете пред да го посетите Непал - Part 2

Сè што треба да знаете пред да го посетите Непал

Буџет за патувањето во Непал

(7)se-shto-treba-da-znaete-pred-da-go-posetite-nepal-kafepauza.mk

Па, најважното прашање. Колку ќе ве чини патувањето во Непал? Како и повеќето земји, најмногу зависи од вашиот стил на патување, колку брзо се движите и каде ќе одите. Ако имате ограничен буџет, Непал е евтин. Уличната храна, хостелите и јавниот превоз се најевтини од цела Азија. Најголемиот проблем е да стигнете до таму. Има многу малку летови кон Катманду, па патувањето ќе ви биде најскапиот дел од одморот. Исто така, имајте на ум дека колку повисоко се искачувате на планините, толку се повисоки цените. Пивото во Катманду може да ве чини 1 или 2 евра, но на планините ќе ви побараат 5-6 евра.

Совети за штедење во Непал

(8)se-shto-treba-da-znaete-pred-da-go-posetite-nepal-kafepauza.mk

  • Користете го локалниот превоз наместо туристичките автобуси.
  • Шетајте сами. Избегнувајте ги туристичките тури колку што можете. Но, понекогаш подобро е да одите со тура, па затоа разговарајте со другите туристи и жители за да дознаете што навистина се исплати.
  • Хранете се евтино. Уличната храна и малите ресторани се најевтини, околу 3 евра за оброк.

Движење низ Непал

Annapurna Circuit

Локални автобуси: Многу поевтини од туристичките автобуси. Но, треба да знаете дека некои од нив се во многу лоша состојба, а може и да смените неколку автобуси пред да стигнете до посакуваната дестинација.

Туристички автобуси: Овие автобуси се многу поубави и полесно е патувањето со нив, но се значително поскапи.

Летање: Летањето не е опција во Непал. Има аеродроми само во Катманду и Покара и има многу малку авиони.

Каде да одите

(10)se-shto-treba-da-znaete-pred-da-go-posetite-nepal-kafepauza.mk

Катманду: Убавината на овој град се малите ресторани, древните храмови, како и интересните продавници. Изгледа како Бангкок пред 20 години.

Нагаркот: Овој мал град е на само неколку часа од Катманду. Сместен е во планините, а на хоризонтот доминираат Хималаите. На ведар ден ќе можете да го видите и Монт Еверест.

Покара: Овој езерски град е главна атракција за туристите. Градот е прекрасен, но секогаш има многу луѓе.

Бактапур: Овде ќе менувате автобус за Нагаркот. Градот има огромен храм кој вреди да се посети.

Чисапани: Ова е мал тивок планински град. Ќе планинарите цел ден од Катманду за да стигнете до него.

Дали Непал е безбеден?

(11)se-shto-treba-da-znaete-pred-da-go-posetite-nepal-kafepauza.mk

Многу луѓе си го поставуваат ова прашање. Непал е многу безбеден. Луѓето се пријателски настроени и мали се шансите дека ќе налетате на неволја. Кога станува збор за вода и храна, немојте да ја пиете локалната вода. Купувајте си во шишиња. Уличните продавачи на храна се безбедни и можете слободно да купувате од нив.

Погледнете ги и овие совети за поевтино патување низ светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар