Разбудете го детективот во вас: Можете ли да ја решите оваа мистерија со помош на само една слика?
За да направите гимнастика на мозокот, не мора да решавате математички задачи. Понекогаш, доволно е да погледнете само една слика која крие некакво објаснување. Обидете се уште веднаш да ја решите оваа необична детективска мистерија која ќе ви го направи пладнето поинтересно…
Еден топол летен ден, еден детектив решил да се посонча малку на брегот од една река. Одеднаш чул како некое девојче плаче.
„Што се случило? Те молам смири се и кажи ми полека што се случило“, се обидел да го смири расплаканото девојче.
„Лесно е тоа да се каже. Не можете ни да си замислете колку ми значеше таа белезица. Доаѓам тука секој ден. Денес, ја извадив белезицата додека се сончав, ја ставив на мојата книга и случајно заспав. Се разбудив и видов дека белезицата ја нема!“, со плачење објаснило девојчето.
Детективот почнал длабоко да размислува. Немало траги од стапки во песокот каде што седело девојчето, освен тие што тоа ги оставило. Немало други луѓе во близина. Само некој од редовните посетители на плажата би можел да ја земе белезицата. Детективот ги собрал во збиен круг околу него. Ги погледнал и за момент сфатил кај кого е белезицата на девојчето. Можете ли вие да ја откриете оваа мистерија?
Честитки доколку успеавте да дознаете кој е крадецот, но ако сѐ уште не сте дошле до решението, прочитајте за што станува збор.
Решение
Единствената личност која би можела да ја достигне белезицата без да остави траги од стапки во песокот е човекот со трска за риболов.