Психолошки тест: Емоционална интелигенција
Помеѓу 121 и 168 поени
Поседувате високо ниво на емоционална интелигенција, па лесно се адаптирате на која било ситуација. Поседувате и интуитивна интелигенција која се карактеризира со добро познавање на себе, а е базирана врз интроспекција и размислување. Вашето „јас“ е и ваш партнер, а не само корисник. Имате голема моќ над себе, а вашето расположение е секогаш стабилно и позитивно. Вашите односи со другите се одлични и се засноваат врз комбинација од ефикасност, хармонија и задоволство. Вие ги користите емоциите и интуицијата за да го разберете светот кој ве опкружува.
Помеѓу 82 и 120 поени
Вие припаѓате на просекот и тоа воопшто не е лошо. Вашето управување со емоциите е добро, но постои простор и за унапредување. Вие работите на искажувањето на вашите емоции, на откривање на нивното потекло (мали физички сигнали, расположение) и се обидувате да го најдете нивниот извор. Размислувате за себе, ја развивате својата креативност и спиритуалност и ги слушате другите со цел да се обидете да ги разберете. За крај, бидете толерантни кон себе, бидејќи постојаната борба со себе може да доведе до појава на многубројни негативни емоции.
Помеѓу 42 и 80 поени
Вашата емоционална интелигенција е многу ниска. Ова не значи дека постои недостаток на чувства, туку дека вие не ги користите доволно. Дел од вас е целосно запуштен, непознат и тежок, кој не го разбирате и кој често ве иритира. Тоа резултира со тензија и недоразбирања во вашиот однос со себе, како и во односот со другите. Вие едноставно не ги разбирате вашите емоции, но не грижете се, емоционалната интелигенција се учи. Размислете малку на оваа тема, најдете стручна литература и разговарајте со вашите блиски. Почнете полека да внесувате мали промени во вашето секојдневие и брзо ќе забележите дека благодарение на вашите емоции сте почнале подобро да живеете.