Приказните на 10 жени што одбиле да ја фарбаат нивната побелена коса - Part 2

Приказните на 10 жени што одбиле да ја фарбаат нивната побелена коса

Приказните на 10 жени што одбиле да ја фарбаат нивната побелена коса

„Ја фарбав косата од 18 години. Сега на 42 не можам да дочекам да ги видам моите сиви локни. Сивата боја е слобода.“

Приказните на 10 жени што одбиле да ја фарбаат нивната побелена коса

„Ја добив косата од мајка ми!“

Приказните на 10 жени што одбиле да ја фарбаат нивната побелена коса

„Родена сум со сива и црна коса. Првото женско во 7 генерации! Бев постојано задевана бидејќи децата се злобни, па почнав да се фарбам на 14 години. Кога го родив првиот син на 29 години забележав дека сивото станало бело напред, па почнав да оставам еден прамен напред и да го фарбам останатиот дел од косата. Пред година и пол мојот фризер ми кажа дека сивата коса веќе е бела, па се одлучив за тоа. Се чувствувам како да најдов паркет под тепих! Никогаш нема да се вратам назад.“

Приказните на 10 жени што одбиле да ја фарбаат нивната побелена коса

„Помислете на животот што ќе го имате кога ќе престанете да го криете вашето вистинско лице.“

Приказните на 10 жени што одбиле да ја фарбаат нивната побелена коса

„Ја фарбав косата за забава уште од 16-годишна возраст. Кога почна да ми побелува, фарбањето престана да биде забавно. Се чувствував како да кријам нешто од коешто требаше да се срамам. Пред 5 години решив да ја оставам косата сива. Сама по себе мојата коса стана она што се обидував да го постигнам со години фарбање – динамична и уникатна. Толку е добро да бидам своја.“

Што мислите вие, зошто седата коса е секси на мажите а ги остарува жените?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар