Претскажувања од гатачки кои навистина се исполниле - Part 2

Претскажувања од гатачки кои навистина се исполниле

(4)pretskazhuvanja-od-gatachki-koi-navistina-se-ispolnile-kafepauza.mk

„Кога јас и моето момче отидовме кај гатачка, првото нешто што таа му го рече беше: Потребна ти е прегратка. Кога се разведоа твоите? Тој ја погледна чудно бидејќи неговите родители беа заедно. Една година подоцна, тој откри дека татко му имал афера. Неговите родители сега се разведени.“

„Пред неколку години една гатачка ми рече дека ќе сретнам некој со сини очи на свечен настан кој не е ни свадба, ни викенд излегување. 4 години подоцна бев на еден настан организиран од компанијата за којашто работам, на водопадите Нијагара. Сите беа свечено облечени, а јас запознав момче со сини очи.“

„Се обидував да забременам со месеци, но немав среќа. Тогаш прашав една гатачка дали некогаш ќе останам бремена. Таа ми кажа во ноември. Се разбира дека се смеев, но во ноември навистина бев бремена.“

(6)pretskazhuvanja-od-gatachki-koi-navistina-se-ispolnile-kafepauza.mk

„Додека се шетавме во еден трговски центар со сестра ми, ни пријде една гатачка. Таа ми рече дека не сум во вистинската врска и дека ќе бидам посреќна со момчето со кое поминувам многу време. Бев во врска со дечкото од средно веќе 5 години, но во тој период многу се зближував со еден колега. Гатачката беше во право. Сега сум во прекрасна врска со мојот колега.“

„Кога мајка ми отиде кај гатачка по смртта на дедо ми, јас отидов со неа како морална поддршка. Кога се возевме натаму, постојано мислев на тоа што Библијата го кажува за гатачките. Се разбира, ништо од ова не ѝ кажав на мајка ми. Кога стигнавме, гатачката ме погледна и ми рече дека Бог ѝ го подарил овој дар и дека ѝ дозволува да го користи.“

„Мојата свекрва отиде кај една кинеска гатачка. Таа ѝ ги прочитала судбините на сите деца и кога стигнала до мојот сопруг, гатачката ѝ рекла дека неговата лекција во овој живот е да учи од неверството. 20 години подоцна, јас и тој се разведовме бидејќи тој ме изневери.“

(7)pretskazhuvanja-od-gatachki-koi-navistina-se-ispolnile-kafepauza.mk

„Мојата гатачка ми кажа дека слушала вода во ѕидовите од мојот стан. Два месеца подоцна, мојот стан изгоре бидејќи започнал електричен пожар во ѕидовите. Пожарот беше изгасен со вода.“

„Кога имав 13 или 14 години, една гатачка ми кажа дека ќе се оженам со висока црвенокоса девојка чие име почнува на Е. 12 години подоцна, мојата девојка е црвенокоса и се вика Ешли.“

„Кога бев многу млад, мајка ми отиде кај една гатачка и нè праша мене и сестра ми што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме. Гатачката ѝ кажала на мајка ми дека ќе бидам наставник, но јас се смеев на тоа бидејќи тоа беше последното нешто што сакав да го работам. 12 години подоцна, работам како наставник.“

(9)pretskazhuvanja-od-gatachki-koi-navistina-se-ispolnile-kafepauza.mk

„Една гатачка ми кажа дека никогаш нема да имам свадба. Тогаш бев мало девојче и ова го сфатив како изјава дека никогаш нема да пронајдам љубов. Бев разочарана од предвидувањето, но гатачката беше во право. Јас и сопругот се венчавме во 2015, но тоа што не направивме свадба е најдобрата одлука којашто сме ја донеле.“

„Како што влегував во автомобилот за да си одам дома, една гатачка ме фати за рака. Ми даде некакви камчиња за заштита и ми рече постојано да ги носам. Погледна кој мојот автомобил и изгледаше навистина нервозно. 3 недели подоцна, речиси загинав во сообраќајна несреќа. Дури бев прогласен за мртов некој период. Денес ги носам камчињата каде и да одам.“

„Ми ја читаа судбината од тарот карти и ме прашаа дали мислам на моето момче. Јас реков да, и гатачка ми ја покажа картата на љубовниците. Ми рече дека ќе имаме многу деца и ќе бидеме вљубени до крајот на животот. 25 години и 3 деца подоцна, ние сме посреќни од кога било порано.“

Ако сакате да дознаете нешто повеќе за вашата иднина, пробајте ја оваа арапска игра на судбината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар