Помалку познати и мрачни факти за Волт Дизни
Доживеал нервен слом во 1930-тите
Дизни бил под голем притисок во раните 1930-ти. Како што се зголемувала популарноста на Мики Маус, се зголемувале и неговите фрустрации со жена му бидејќи се обидувале да станат родители. Во 1931, откако жена му имала неколку спонтани абортуси, Дизни доживеал нервен слом. Тој изјавил:
„Изгледа работев премногу и се грижев премногу. Очекував повеќе од она што ми го нудеа моите артисти. Трошоците растеа, секоја нова сцена што ја завршувавме чинеше повеќе од планираното… па едноставно попуштив.“
Познатиот потпис на Волт Дизни не е негов ракопис
Потписот на Волт Дизни кој можете да го сретнете на сè, од шолји за кафе до блузи, всушност е малку преправена верзија од неговиот своерачен потпис. Неговиот оригинален потпис се менувал со текот на времето, што е нормално кај речиси сите луѓе, и воопшто не изгледа како познатата верзија. Всушност, многу колекционерски предмети за кои се смета дека се потпишани од Дизни, се потпишани од вработените. Потписот кој денес е многу познат прв пат бил употребен во 1980-тите, години по неговата смрт.
Тој бил антикомунистички крстоносец
За време на Црвената паника во 1950-тите, Дизни бил поканет, и со задоволство прифатил, да сведочи пред Куќниот комитет за да ги посочи комунистите и нивните симпатизери во Холивуд. Дизни посочил некои од неговите поранешни аниматори верувајќи дека тие правеле комунистички заговор. Во 1944, Дизни ја основал Алијансата на филмовите за зачувување на американските идеали, чија цел била да го одбрани Холивуд од инфилтрација на комунистите.
Тој не им дозволувал на аниматорите да направат унија, и ги отпуштал оние кои се залагале за тоа
Во 1941 година аниматорите во студиото почнале штрајк. Причините биле недостаток на бонуси, ниски плати и тоа што не добивале признание за нивната работа. Дизни верувал дека ова било предизвикано од комунистите и почнал да отпушта многу од нив.
Тој бил перфекционист кој сакал да контролира сè
Неговата желба за контрола може да се види од начинот на кој ги поделувал одделите во студиото според половите и одбивал да преговара со вработените. Дизни ги надгледувал сите проекти што се одвивале во студиото бидејќи сакал сè да биде совршено.