Поими за сексуалноста што сите треба да ги знаеме
11. Би-љубопитни (Bicurious) – Слични како несигурните, но со поизразена желба да експериментираат, додека да се пронајдат во сексуалноста.
12. Полиаморија – Немоногамна врска, која може да биде отворена или затворена. Во отворената полиаморија, вклучените партнери дозволуваат понекогаш да им се придружат и други личности, додека во затворената е точно познато кои се вклучени во врската.
13. Андросексуалност – Сексуална привлечност кон машкоста. Ова значи дека освен од мажи, личноста е привлечена и од жени кои имаат машкудански изглед.
14. Гиносексуалност – Спротивно на андросексуалноста, ова е кога личноста е привлечена од жени, но и од феминизирани мажи.
15. Пансексуалност/омнисексуалност – Двата поима се однесуваат на лица кои се привлечени од сите погоре наведени сексуалности. Важно е ова да не се меша со бисексуалноста, иако во основа, овие лица се бисексуални.
16. Демисексуалци – Луѓе кои развиваат сексуална привлечност само кон други лица со кои веќе имаат остварено емотивна поврзаност.
17. Сколиосексуалност – Овој поим се однесува на луѓе кои се пред сѐ привлечени од трансродови и трансексуални лица (и сите измеѓу).
18. Алосексуалност – Овој термин го користат асексуалците, за да ги опишат сите останати кои имаат каква било сексуалност или се сексуално привлечени од други луѓе.
19. Моносексуалност – Појава во која личноста има строго дефинирана сексуална привлечност кон еден пол, без желба и отвореност да експериментира.
20. Полова флуидност – Сексуалната ориентација ја менуваат според ситуацијата. Немаат строго дефинирана сексуалност.
Може да ве интересира и: Природното менување на сексуалната ориентација со стареењето.