Погледнете ги линиите на вашите дланки и откријте каков брак ве очекува

Погледнете ги линиите на вашите дланки и откријте каков брак ве очекува

Фокусирајте се на делот од дланката кој е под малиот прст и откријте на колку години ќе стапите во брак, дали ќе бидете среќни во вашата врска како и дали можеби нешто прекрасно ве очекува во брзо време…

(1) Погледнете ги линиите на вашите дланки и откријте каков брак ве очекува

1. Во близина на линијата на срцето

Доколку имате две или повеќе линии, одберете ја најдолгата. Тоа е знак за брак во раните години, можеби околу 20-тата.

2. Во близина на основата на малиот прст

И покрај тоа што е знак за доцен брак, вие сигурно со тек на време ќе најдете добар партнер. Шансите за брак ќе дојдат помеѓу 35 и 50 години, па токму затоа не се откажувајте!

3. Точно на средината помеѓу линијата на срцето и основата на домалиот прст

Ниту премногу рано, ниту премногу доцна, вие најверојатно ќе стапите во брак околу 30-тата година.

4. Многу линии

Вие имате многу пријатели од спротивниот пол. Доколку постои една подолга линија помеѓу кратките, тогаш тоа е знак дека ќе имате среќа во бракот.

5. Една многу долга линија

Вие ќе сакате некого со целото ваше срце. Вие сте благословени со долг и среќен брак.

6. Ѕвезда допрена до линијата на бракот

Ова е знак дека наскоро нешто многу добро ќе ви се случи. Можеби ќе започнете со врска, ќе стапите во брак или пак ќе добиете дете. Исто така ќе се зголеми и заинтересираноста кон вас од спротивниот пол.

7. Линијата оди нагоре

Тоа е знак дека вашите желби за брак се зголемуваат. Има големи шанси дека набрзо ќе го пронајдете вашиот идеален партнер или пак, доколку веќе сте во врска, со сигурност ќе имате среќен брак.

8. Линијата оди надолу

Вие изгледа сте ја изгубиле својата жилавост поради работата или стресот, па токму затоа сега сте премногу внимателни при избирањето партнер. Доколку сте во брак, тоа може да е знак дека сопругот/сопругата собира незадоволство во себе, па можеби е време за отворен разговор.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар