Поглед кон животот во првата цивилизација - Part 2

Поглед кон животот во првата цивилизација

6. Свештеничките биле доктори и заболекари

(6)pogled-kon-zhivotot-vo-prvata-civilizacija-kafepauza.mk

Свештеничките не биле само дел од харемот на кралот, тие биле едни од најкорисните луѓе во сумерското општество. Тие биле поети, писари, а можеби и првите доктори во историјата. Сумерските градови биле градени околу храм кој бил опкружен со згради во кои живееле свештениците и свештеничките.

7. Писменоста значела богатство

(7)pogled-kon-zhivotot-vo-prvata-civilizacija-kafepauza.mk

Читањето и пишувањето биле релативно нови концепти во древната Сумерија, но уште веднаш биле од голема важност. Луѓето овде не се збогатувале со физичка работа, богатиот слој го сочинувале административците и свештениците. Доколку сакале и нивните деца да бидат богати, морале да ги описменат. Училиштата биле скапи и си ги дозволувале само најбогатите луѓе во градот. Децата учеле математика, историја и литература, и најчесто го копирале она што го пишувал наставникот. Дисциплината била строга и ученикот кој не ја почитувал бил тепан пред целиот клас.

8. Сиромашните живееле надвор од градот

(8)pogled-kon-zhivotot-vo-prvata-civilizacija-kafepauza.mk

Повеќето Сумерци биле сиромаси и живееле на фарми надвор од градот. Додека богатите живееле во куќи од камени цигли, кои имале покуќнина, прозорци и светилки, сиромасите требало да се задоволат со шатори. Тие спиеле на сламени душеци на земјата и она што го поседувале најчесто го делеле со целото проширено семејство.

9. Армијата собирала планински луѓе за робови

(9)pogled-kon-zhivotot-vo-prvata-civilizacija-kafepauza.mk

Живото на сиромасите сепак бил подобар од оној на робовите. Сумерскиот крал секогаш имал залиха од робови работници, кои најчесто работеле на фармите или како домашни слуги. Женските робови најчесто станувале конкубини и живееле како сексуални алати на мажите кои ги поседувале. Робовите имале начини да станат слободни луѓе. Женските робови можеле да се венчаат со слободен маж, но морале да му го дадат првото дете на нивниот господар. Мажите можеле да заработат доволно за да си ја платат слободата, па дури и да си купат сопствено земјиште. Но, и оние кои живееле во градот не биле заштитени. Ако некој направел некое криминално дело, или пак имал многу долгови, тој станувал присилен да се продаде како роб.

10. Слугите биле закопувани со кралевите

(10)pogled-kon-zhivotot-vo-prvata-civilizacija-kafepauza.mk

Во Сумерија смртта била мистерија. Мртвите ги праќале во „земјата од којашто нема враќање“ и не знаеле што се наоѓа на другата страна. Единственото нешто во кое верувале Сумерите е дека ќе им биде потребно сè што имале во овој живот за во задгробниот. Кралевите и кралиците не застанувале само со предмети и богатство, тие ја земале и целата послуга со нив. Една кралица била закопана со нејзините музичари за да може да слуша музика во задгробниот живот. Еден крал пак бил закопан со 73 слуги кои биле поставени на колена околу неговиот ковчег. Некои дури биле закопувани и со живите членови од семејството. Во епот Гилгламеш, кралот е закопан со неговиот син и неговата омилена жена. Никој не бил безбеден. Кога умирал кралот, смртта доаѓала за секој што му бил драг.

Погледнете и кои историски факти најверојатно се лажни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар