Паранормални приказни за 10 застрашувачки уметнички дела - Part 2

Паранормални приказни за 10 од најпознатите застрашувачки уметнички дела

6. Човек во агонија (The Anguished Man)

Паранормални приказни за 10 од најпознатите застрашувачки уметнички дела

Самата приказна за оваа слика е застрашувачка. Непознатиот уметник ја користел својата крв како боја за време на сликањето, а откако ја завршил, извршил самоубиство. Истата слика подоцна била во сопственост на семејствово на Шон Робинсон, чија баба ја криела сликата бидејќи била според неа била „зла“. По нејзината смрт, Шон забележал и документирал со видео промени и неправилности околу сликата. Потоа, истата е скриена на локација која му е само нему позната.

7. Сценографија или Обесениот човек (The Stagecraft, or The Hanging Man)

Паранормални приказни за 10 од најпознатите застрашувачки уметнички дела

Оваа слика е адаптација на фотографија на која се гледа обесен човек. Авторката Лора П., откако ја насликала, ја закачила на ѕидот на работното место, но бргу потоа колегите почнале да се жалат дека сликата мрда, но и дека исчезнуваат документите оставени во близина. Потоа таа ја поставила во својот дом, по што неколку пати тврдела дека постои паранормална активност и дека гледала како се појавува човек без глава.

8. Реплика на Љубовните писма (Love Letters’ Replica)

Паранормални приказни за 10 од најпознатите застрашувачки уметнички дела

Оригиналното дело е на Ричард Кинг, а негова копија има во еден ходник на хотелот Дрискил во Остин, Тексас. Првиот инцидент се случил во 1887 година, кога 4-годишната Саманта Хјустон, ќерка на американски сенатор, загинала откако паднала од скали на авион, додека сликата била изложена. Многумина веруваат дека духот на Саманта ја опседнал сликата, а за нејзината копија има сведоштва дека погледот на девојчето е секогаш различен.

9. Дождовна жена (The Rain Woman)

Паранормални приказни за 10 од најпознатите застрашувачки уметнички дела

Светлана Телец ја насликала оваа слика за помалку од пет часа. Таа тврдела дека нечија туѓа рака го водела целиот процес. Првиот сопственик кој ја купил, за кратко време ја вратил поради необјасниви епизоди на несоница и тага, но и чувство дека сликата цело време го гледа.

10. Неименувана кошмарна слика

Паранормални приказни за 10 од најпознатите застрашувачки уметнички дела

Оваа безимена слика е дело на авторот Здислав Бекински, чија сопруга починала во 1998 година, а една година потоа неговиот син извршил самоубиство. Авторот, пак, бил брутално убиен откако одбил да позајми 100 долари на друг човек. Сликата е исполнета со смрт, а се верува и дека ако некој предолго гледа во неа, може и самиот да умре.

Прочитајте ги и овие 12 вистински застрашувачки приказни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар