Парадоксот на Ферми: 11 теории за сè уште неостварениот контакт со вонземјани - Part 2

Парадоксот на Ферми: 11 теории за сè уште неостварениот контакт со вонземјани

6. Постои друг интелигентен живот, но е многу, многу редок

(6)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mk

Животот може да настане само под одредени, неверојатни услови. Па, интелигентниот живот постои таму негде, но е толку редок што е речиси невозможно да ни се вкрстат патиштата.

7. Или, животот е толку редок што нема други интелигентни битија. Ние сме сами

(7)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mk

Некако помислата дека сме сами во универзумот е исто толку застрашувачка како и другите теории. Можеби не е возбудлива колку нив, но е навистина вознемирувачка.

8. Вонземјаните постојат, но се направиле незабележителни

(8)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mk

Можеби ова е со цел да избегнат потенцијална опасност ако бидат откриени. Можеби постојат опасни предатори кои демнат низ универзумот, па напредните битија не сакаат да бидат откриени од нив.

9. Вонземјаните откриле како да ја пренесат својата свест во симулација на универзумот, па уживаат во тоа

(9)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mk

„Мозокот матриошка“ е теоретска мегаструктура околу една ѕвезда. Оваа направа би имала доволно моќ за цел еден вид да ја прикачи својата свест и да живее во симулиран универзум. Ова би значело дека некој ќе може да искуси бројни екстази без да се чувствува тажно и здодевно. Ако оваа технологија е реалност, вонземјаните сигурно нема да пловат низ универзумот барајќи друг живот.

10. Постоењето на вонземјани е потврдено, но јавноста не е свесна

(10)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mk

Многу луѓе тврдат дека виделе или пак дека биле киднапирани од вонземјани. Но, се разбира, никој не ги сфаќа сериозно. Што ако власта знае за вонземјаните но ја чува таа информација од нас? Секако, постои грижата дека таквата вест може да предизвика масовна хистерија, па можеби за тоа сè уште ништо не знаеме.

11. Напредните битија се толку пред нас, што нè гледаат како примитивен вид

(11)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mk

Нил де Грас Тајсон го споредил ова со начинот на кој ние ги гледаме мајмуните. Тој рекол дека луѓето и мајмуните имаат околу 98% иста ДНК, но сепак ние сме значително поинтелигентни од нив. Луѓето создаваат уметност и ја развиваат технологијата, но мајмуните не го можат тоа. Па, што ако вонземјаните се само 1% поразлични од нас како што ние сме поразлични од мајмуните? Ние би биле „идиоти“ во споредба со нив. Ако тие се обидуваат да разговараат со нас, тоа ќе биде како ние да се обидуваме да разговараме со мајмун, птица или црв. А ова би објаснило зошто ги немаме сретнато.

Погледнете и неколку научни откритија кои тврдат дека постојат вонземјани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар