Оваа зоолошка градина во Кина ги става луѓето во кафез, додека животните слободно шетаат

Оваа зоолошка градина во Кина ги става луѓето во кафез, додека животните слободно шетаат

Ако и вие сте една од оние личности кои не сакаат зоолошки градини бидејќи не можете да сфатите што има толку забавно во гледањето затворени животни, тогаш оваа идеја без сомнение многу ќе ви се допадне.

(1) Оваа зоолошка градина во Кина ги става луѓето во кафез, додека животните слободно шетаат

Во последно време многу се зборува за заробеништвото на животните, бидејќи, размислете, нивната природа е да живеат во дивината. Зоолошките градини не само што ги лишуваат од животот во нивната природна средина, туку и ги осудуваат на живот во затвор.

(2) Оваа зоолошка градина во Кина ги става луѓето во кафез, додека животните слободно шетаат

Но, изгледа дека оваа зоолошка градина во Кина нашла интересен начин да ги доближи луѓето до дивиот свет, без притоа да затвора животни помеѓу решетки. Станува збор за зоолошката Лехе Леду, каде што дивите мачки и другите животни, како мечките, слободно шетаат во просторот, додека посетителите се движат во кафези. На овој начин, луѓето имаат можност да го видат дивиот свет одблизу, без да чувствуваат жал за животните кои се заробени во мали кафези, како што се случува во повеќето зоолошки ширум светот.

(3) Оваа зоолошка градина во Кина ги става луѓето во кафез, додека животните слободно шетаат

„Ние сакаме на нашите посетители да им ја овозможиме возбудата која доаѓа со демнењето и нападот на дивите мачки, без ризикот, секако“, вели Чен Ланг.

Има парчиња месо кои се заврзани за надворешноста на кафезите кои се движат со посетителите, за да привлечат животни. Истовремено, зад решетките, тие се целосно заштитени. Исто така има и мали отвори на врвот, низ кои луѓето можат да им понудат храна на овие егзотични ѕверови.

(4) Оваа зоолошка градина во Кина ги става луѓето во кафез, додека животните слободно шетаат

Според Чен Ланг, сите посетители се предупредени да ги држат прстите и рацете во внатрешноста на кафезот, бидејќи гладниот тигар не би можел да направи разлика помеѓу нив и својот појадок. Имајќи го ова на ум, сепак концептот добил многу критики од оние кои сметаат дека е премногу опасно да се набљудуваат дивите животни од оваа близина. Некои дури и велат дека оваа необична атракција е „несреќа која чека да се случи“.

(5) Оваа зоолошка градина во Кина ги става луѓето во кафез, додека животните слободно шетаат

Но, и покрај сè, зоолошката градина изгледа секојдневно станува сè попопуларна, дури и покрај сите опасности. Всушност, откако била отворена, во 2015 година, сите билети се продаваат по 3 месеци однапред. Изгледа дека луѓето сепак преферираат да ги гледаат животните како слободно шетаат во нивната природна средина, отколку кога се затворени во кафези.

„Ова не може да се доживее во обичната зоолошка градина“, вели еден од посетителите. „Ние ги гледаме нив, тие не гледаат нас – и ние сме им ручек.“

Па, што вие мислите за овој концепт? Дали би сакале да ја посетите оваа необична зоолошка градина?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар