Одговори на 14 интригантни прашања што ќе ве вчудовидат
8. Зошто некои песни ни се „заглавуваат“ во главата?
Постојат неколку причини за ова. Можеби музиката е едноставна, а текстот повторлив. Римата е кратка и едноставна. Друго важно нешто е ритамот што ве тера да играте. Последната причина е психолошка – може да се случи ова ако почувствувате силни емоции додека ја слушате песната.
9. Зошто кучињата ја навалуваат главата кога им зборувате?
Нашите миленичиња ги забележуваат и најмалите промени во мимиките, јазикот на телото и гласот. Па ако му кажувате нешто на вашето куче, тоа ја навалува главата бидејќи не ве слушнало добро. Го прави ова за да се осигури дека ве слушнало и за подобро да го види вашиот израз на лицето.
10. Зошто мачките туркаат работи на земјата?
Ова однесување може да биде објаснето со нивните инстинкти. Ако ги набљудувате мачките како си играат со нивниот плен, ќе сфатите дека тоа е нивното вообичаено однесување. Кога мачка турка предмет од маса, само ги следи нејзините инстинкти и смета дека предметот е живо глувче. Друго објаснување е дека на мачката можеби ѝ треба внимание, па го привлекува вниманието на сопственикот туркајќи предмети на земјата.
11. Зошто не можеме да се скокоткаме самите?
Научниците спровеле истражување кое покажало дека кога се скокоткаме самите, го стимулираме малиот мозок. Малиот мозок предвидува кој сигнал ќе биде на површината на нашата кожа. Мозокот го користи ова предвидување за да не реагира на допирот.
12. Зошто копривите боцкаат?
На копривите има мали влакна кои наликуваат на трн. На врвот од секое влакно има течност, односно мешавина од 3 елементи – мравја киселина, витамин Б4 и хистамин. Боцкањето е бидејќи течноста завршува на нашата кожа.
13. Кога е најдобро да донесувате важни одлуки – наутро или навечер?
Неврологијата има директен одговор – наутро. Во текот на спиењето во мозокот се случуваат многу важни процеси. Еден од нив е преработување на информациите од изминатиот ден. Навечер нервниот систем работи на поинаков начин. Нема одвлекување на вниманието, па сигналите патуваат на најефикасниот начин. Со други зборови, продолжуваме да мислиме и во текот на спиењето, но не сме нервозни. Наутро донесувањето на одлуката е поточно.
14. Зошто кучето ве следи до тоалетот?
Постојат неколку објаснувања за ова однесување на кучињата. Прво, кучињата живеат во глутница и не се навикнати да бидат сами. Па ако сте дома, кучето ќе сака да биде со вас. Втората причина е нивната љубопитност. Како што ја затворате вратата од тоалетот, кучето мисли дека можеби нешто интересно се случува таму и сака да провери. На крај, можеби вашето куче само ве штити. Не е лесно да се справите со натрапник додека сте во тоалетот.
Погледнете ги и овие неверојатни научни факти човечкото тело.