Одберете кристал и проверете што кажува за вас
1. Опал
Барате слобода, мирно место за да ги смири вашите чувства и за да го слушнете вашиот внатрешен глас. Дали ви е животот стресен? Дали се чувствувате несигурни на својот пат и ви треба време и осаменост за да размислите? Како и овој замаглен камен, така и вашата визија за животот е тмурна и имате потреба од самотија. Но, тоа не значи дека вашиот живот не е во ред, само понекогаш мислите дека работите пребрзо се одвиваат. Одвојте од своето време (барем едно попладне) за да ги согледате работите онакви какви што се. Можеби ќе откриете дека, додека размислувате за достигнување на своите цели, вие всушност успешно се придвижувате кон нив. Потребни ви се тивки моменти за да ги почувствувате вибрациите на вашето тело и ум. Опалот овозможува инспиративните мисли од нашата глава да ги истргнат негативните мисли. Овој камен е поврзан со ангелска комуникација.