Неверојатните приказни на 10 прекрасни жени од минатото
6. Ана Болејн
Ана била втората сопруга на кралот Хенри VIII. Таа долго време го одбивала неговото додворување и не сакала да му стане љубовница. Целта на Хенри му станала да го поништи својот брак со тогашната кралица Катерина за да може да се венча со Ана. Кога станало јасно дека папата нема да го поништи бракот, почнало слабеењето на моќта на католичката црква во Англија. Ана уживала во игри со карти и коцки. Сакала да пие вино, да јаде француска храна, да озборува и да се шегува. Нејзината смрт со обезглавување ја направило клучна фигура во политичките и религиозните пресврти кои биле почеток на англиската реформација.
7. Симонета Веспучи
Позната и како Убавата Симонета (La Bella Simonetta), таа била навистина славна во северна Италија поради нејзината убавина и била модел за многу слики од Ботичели. Ако ја имате видено „Раѓањето на Венера“, тогаш ја имате видено и оваа девојка. Според гласините, таа не само што изгледала скромно и невино, туку и така се однесувала, и тоа до тој степен што не му дозволувала на сопругот да влегува во нејзината спална соба. Таа умрела на 22 години, најверојатно од туберкулоза. По смртта била носена низ градот со отворен ковчег за сите да можат да ѝ се восхитуваат на нејзината убавина.
8. Оно но Комачи
Оно била јапонска поетеса, позната по својата неверојатна убавина. Денес Комачи е синоним за женска убавина во Јапонија. Таа исто така била позната по нејзината суровост. Покрај многуте легенди кои ја опкружуваат има една за еден дворјанин кој се вљубил во неа. Комачи му ветила дека ако ја посетува 100 ноќи по ред, таа ќе му стане љубовница. Тој ја посетувал секоја ноќ, без разлика на временските услови. Но, на 99-тата ноќ умрел од грип. Ова ја инспирирало Оно да напише една од нејзините најмеланхолични поеми.
9. Фрина
Фрина била куртизана од древна Грција. Се верува дека таа била моделот за првата статуа која прикажува гола жена, „Афродита од Книд“. Според легендата, таа била обвинета за нечесност. Кога веќе изгледало дека го губи спорот, нејзиниот бранител ѝ го соблекол фустанот пред судиите. Нејзината убавина ги исполнила судиите со страв, па не можеле да ја осудат „пророчицата и свештеницата на Афродита“ на смрт.
10. Леди Годива
Според легендата, на Леди Годива ѝ било жал за луѓето кои страдале од ригорозните даноци кои ги наплаќал нејзиниот сопруг. Таа неколку пати го замолила да ги намали даноците, па еднаш тој ѝ рекол дека ќе го стори тоа, но под еден услов – таа морала да се соблече гола и да јава на коњ низ градот. Леди Годива го направила токму тоа. Иако таа живеела во 11-тиот век, легендата се појавила дури 2 века подоцна, па историчарите не ја сметаат за вистинита. Сепак приказната е многу добра.
Погледнете и кои се жените кои го променија светот.