Неверојатни вистински приказни за преживување на Арктикот - Part 2

Неверојатни вистински приказни за преживување на Арктикот

6. Преживување на 62 години

(6)neverojatni-prikazni-za-prezhivuvanje-na-arktikot-kafepauza.mk

На почетокот на 2016 година, Полуис Кејутак кој имал 62 години, заедно со два члена од семејството тргнале на патување со моторна санка. Патот бил 300 километри. Почнала снежна бура која ги исфрлила од патот, и кога сфатиле дека се изгубени забележале дека имаат уште многу малку гориво. Со нив имале само чај, шеќер, една вреќа за спиење и нож. Семејството направило засолниште од мраз. Се обидувале да се стоплат движејќи се и ловејќи. 9 дена подоцна биле пронајдени од групата која ги барала, откако таа поминала 9.000 километри квадратни.

7. 2 години во мраз

(7)neverojatni-prikazni-za-prezhivuvanje-na-arktikot-kafepauza.mk

Во доцните 1800-ти, бродот Жанет поминал речиси 2 години заробен во мраз пред конечно да потоне. Бродот бил евакуиран кога почнал да тоне, а капетанот Џорџ Де Лонг го водел својот екипаж низ морето до Сибирот. По пат изгубиле многу луѓе, но штом стигнале, групата била поделена на две за полесно да најдат помош. Едната група успеала да најде помош, но од групата на капетанот бил пронајден само неговиот дневник. Во него имало листа од сите луѓе кои умреле како и денот на нивната смрт. Од 33 луѓе кои го почнале патувањето, преживеале само 13.

8. 58 денови на замрзнато езеро

(8)neverojatni-prikazni-za-prezhivuvanje-na-arktikot-kafepauza.mk

Во 1967 година, Боб Гошје летал со авион кога се изгубил во бура. Бидејќи горивото му било при крај, морал да слета на замрзнато езеро далеку од цивилизацијата. Тој преживеал сам на температура од -51 степен Целзиусов, јадејќи само замрзнати риби. Навечер тој и авионот биле опкружувани од волци и гаврани кои го чекале да умре. Кога завивале волците, завивал и тој. Полека почнал да ги гледа како единственото друштво кое го има. Но, по некое време тие се откажале и тој се соочил со ужасна осаменост која според него е најлошо нешто што го почувствувал. По 58 денови, тој бил спасен од авион.

9. 2 години на Арктикот

(9)neverojatni-prikazni-za-prezhivuvanje-na-arktikot-kafepauza.mk

Ада Блекџек била млада неискусна Инуитка. Таа никогаш не го напуштила својот дом, не знаела да лови, ниту пак да направи иглу. Сепак, во 1921 година, таа и 4-ца мажи биле избрани од истражувачот Вихјалмур Стефансон да постават камп на остров на Арктикот кој Стефансон сакал да го освои во име на Велика Британија. Групата верувала дека ќе преживее од ловење, но штом настапила зимата тие почнале да гладуваат. Тројца од мажите заминале да побараат помош, оставајќи ја Ада сама да се грижи за еден болен маж. Мажите не се вратиле, а болниот умрел, па Ада останала сама во дивината. Таа морала да се научи да лови за да преживее. Преживеала навистина страшни работи, како бегање од поларни мечки. Кога по 2 години била спасена, ја критикувале зошто дозволила да умре мажот кој бил белец.

10. Бегство со санка од кучешки ребра

(10)neverojatni-prikazni-za-prezhivuvanje-na-arktikot-kafepauza.mk

Во 1950-тите, владата на Канада ги присилила Инуитите да живеат во населби, но некои не го прифаќале тоа. Еден човек толку се противел што решил да живее од земјата како неговите предци. Неговото семејство било загрижено дека ќе умре. Тие му ги земале алатите и го присилиле да дојде со нив. Но човекот си направил свои алати. Направил нож од својот измет и го искористил за да убие и одере куче. Од неговите ребра и кожа направил санка, и неговиот „изум“ бил влечен од живо куче. Успешно избегал и целиот живот го поминал во дивината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар