Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
Одделот за Записи од Њујорк објави онлајн-база на податоци со над 870.000 стари фотографии од градот Њујорк во периодот од 19 и 20 век. Овој проект го подготвувале околу 4 години – започнувајќи со избирањето, развивањето и скенирањето на фотографиите, па сè до нивното „закачување“ онлајн и додавање краток опис под секоја фотографија. Тие завршиле одлична работа со оваа интересна колекција од досега необјавени фотографии од Њујорк. Еве и еден мал дел од нив:

5 јуни 1908 – Прва етапа од изградбата на мостот Менхетен

7 октомври 1914 – Молери на жиците на мостот Бруклин

29 јуни 1908 – Работници работат на улицата Диланси на Долната Источна Страна од Менхетен

22 декември 1936 – Човек застанува да го види погледот од мостот Џорџ Вашингтон

2 октомври 1930 – Работници поставуваат нов пат на 28-мата улица

18 мај 1940 – Човек чита весник на аголот од 40-та улица и 6-та Авенија. Веста на денот била „Нацистичката војска се наоѓа на 75 милји од Париз“.

30 септември 1936 – Бејзбол легендата Бејб Рут дели автограми на возбудените фанови за време на првата игра од светската серија во 1936 година

1940 – Њујорчани пливаат во јавниот базен Асториа, а во позадина се забележува мостот со шини Хел Гејт

Непозната дата – Возот од третата Авенија поминува покрај Градското Собрание

1937 – Главната Централна Станица како што се гледа од познатиот бар Кампбел Апартмент
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Prekrasen e kako i sekogas