Неверојатни факти за животот на древните Египќани - Part 2

Неверојатни факти за животот на древните Египќани

6. Танчарите не носеле облека

Неверојатни факти за животот на древните Египќани

Женските танчарки од древен Египет носеле провидна облека или биле целосно голи. Понекогаш носеле само здолниште или појас. Машките танчари носеле наметка. Изгледа дека кореографијата во древен Египет била многу поважна од облеката. Сепак, недостатокот од облека го надополнувале со фризури, многу накит и парфеми.

7. Миризливи украси за глава

Неверојатни факти за животот на древните Египќани

Египќаните обрнувале многу внимание на аромата. Еден начин да се опкружат со пријатен мирис било носењето миризливи украси на нивните глави. Овие украси биле направени од восок и биле измешани со миро, масло од цимет и други ароматични супстанци. Украсите биле врзани за нивните перики со панделки. Поради топлата клима, восокот се топел и се ослободувала аромата. Покрај тоа, есенцијалните масла ги штителе од инсекти.

8. Посебни фризури за деца

Неверојатни факти за животот на древните Египќани

Древните Египќани, особено од побогатите слоеви, биле познати по тоа што ги бричеле своите глави и косата ја заменувале со перика. Главите на децата биле делумно бричени и им оставале парче коса од едната страна. Ова парче коса ја означувало нивната младост и го отстранувале штом ќе станеле возрасни личности.

На фотографијата е прикажана фреска од гробницата на офицер по име Небамун. На неа се гледа самиот Небамун, неговата сопруга и една од неговите 3 ќерки со фризурата на младоста. Некои веруваат дека со оваа фризура го спречувале распространувањето на вошки, но можно е фризурата да била само од религиозни причини.

9. Важноста на пивото

Неверојатни факти за животот на древните Египќани

Египќаните верувале дека богот на задгробниот живот, Озирис, ги научил како да прават пиво. Тие користеле „ладен“ метод за правење пиво. Древното пиво било густо како млеко, кисело и малку горчливо. Морале да користат цевка за да не ги проголтаат парчињата пченка кои останале од правењето. Пивото било толку важно што се користело и како платежно средство. Тоа се служело со леб и со него им се плаќало на војници, офицери и градежници. Дури и фараоните пишувале заклетва според која секој ден ќе ѝ даваат на сопругата 10 парчиња леб и 2 тегли пиво.

10. Погребни портрети

Неверојатни факти за животот на древните Египќани

Откако Египет станал една од провинциите на Римската империја, се промениле многу древни традиции. На пример, погребните маски биле заменети со портрети. Благодарение на сувата клима, портретите се зачувани во одлична состојба. Во главно, портретите прикажувале млади луѓе бидејќи биле изработувани долго пред смртта. Биле цртани со голема прецизност бидејќи се верувало дека ќе им бидат потребни на починатите во задгробниот живот. Денес се зачувани околу 900 вакви портрети и до денес нè восхитува квалитетот на боите.

Погледнете и кои се изумите од древен Египет без кои не можеме да си го замислиме светот денес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар