Неверојатни дестинации што ќе ви го променат животот
9. Големите езера
Овие 5 езера кои се наоѓаат покрај границата на Канада и САД, содржат околу 1/5 од свежата вода во светот. Овој регион е прекрасно разновиден и е дом на познатите градови Чикаго и Торонто.
10. Петра, Јордан
Овој древен археолошки локалитет е познат по тоа што е изделкан во карпа. Регионот е полн со историја и прв пат бил населен од луѓе пред повеќе од 4.000 години.
11. Кападокија, Турција
Карпестите формации во форма на кули, или „самовилски оџаци“ во Кападокија се единствените во светот. Качете се и во некој од балоните на топол воздух и погледнете го овој надреален пејзаж од птичја перспектива.
12. Бали, Индонезија
Планинскиот регион на југоисточна Азија е преплавен со пејзажи кои го одземаат здивот и со преку 1.000 храмови како овој на фотографијата.
13. Мртво Море
Оваа дестинација е вредна да се посети поради способноста за пловење во солена вода, но исто и за нејзината историја. Овој регион има локалитети кои датираат уште од библиски времиња, како и многу знаменитости од Грчкиот и Римскиот период.
14. Чинкве Тере, Италија
Живописниот рај за планинарите се протега по италијанскиот брег уште од средниот век. Чинкве Тере значи „Пет Земји“ и истражувачите можат да планинарат помеѓу секое од 5-те села, по пат посетувајќи ги плажите.
15. Бора Бора
Дел од француската Полинезија, овој остров е одличен почеток за секој кој сака да ги искуси островите во Тихиот океан. Во негова близина има многу корални гребени и дестинации за нуркање.
16. Хавана, Куба
Без разлика дали зборуваме за карипската клима, шарените згради или одличните музичари, Хавана е прекрасна.