Неверојатна вистинска приказна за брат и сестра кои се среќаваат прв пат по 39 години
Откако ги слушнале новостите, семејството Лаштур знаело што треба да направи. Тие нашироко почнале да го бараат другото семејство, но за жал не успеале во тоа пред да се преселат.
Лаштурови се преселиле во северна Каролина, но решиле да не се откажуваат. Често се враќале во Молдавија, а таму го продолжувале своето барање, кое на крајот сепак се исплатело.
Сосетката им дала надеж, таа им го кажала името Валентина Суман. Татјанa и нејзината помлада сестра Викторија, почнале да го бараат името на Фејсбук.
Пo некое време, конечно го нашле профилот. Тие ѝ испратиле порака на Валентина и ја прашале за нејзиното име и дата на раѓање. Кога се поклопило тоа, тие ѝ побарале фотографии од бебе. Штом ги виделе фотографиите, Лаштурови верувале дека гласините сепак се вистинити и дека Валентина е дел од нивното семејство.
Валентина веднаш му напишала на некое руско телевизиско шоу кое правело ДНК тестови, и тие добиле покана да гостуваат. ДНК тестот покажал дека Валентина и Анатолиј сепак се брат и сестра.
Семејствата конечно се обединиле! И Мурадјан ја запознала својата биолошка мајка.
„Тоа беше искуство кое не се случува често, а кога ќе се случи никогаш нема да го заборавиш. Сите плачевме“, изјавил Анатолиј.
Па што всушност се случило? Додека биле во болница и двете мајки биле сместени во иста соба. Девојките биле однесени во друга соба за да ги искапат, а кога ги вратиле не сакајќи ги замениле нивните места.
Иако можеби не очекувате, ова е нешто што се случува многу често. Во просек се менуваат околу 28.000 бебиња годишно. За среќа, овие две семејства сфатиле што се случува, па си се вратиле во своите животи.