Тоа што не го објавив на Инстаграм – вистинските приказни зад фотографиите на оваа социјална мрежа
Не знаете што се случува зад завесата
„Тука сум во винарија заедно со моите пријатели. Сите тие заработуваат многу повеќе од мене така што јас тонам во кредити обидувајќи се да ги стигнам.“
Секоја врска има проблеми
„Описот на оваа фотографија е: ‘Одмор со моето момче.’ Вистината е дека моето сега бившо момче планираше романтичен викенд за нас во хотел за да одлучи дали е заинтересиран за мене или не. Не беше. Немав поим што се случува. Откако ја прекинавме врската од 2 години си ветив дека ќе се држам настрана од мажите, сè додека не се појави друго момче. Тој ми кажа колку сум му се допаѓала, колку сум бил убава и дека не можел да престане да мисли на мене. Се гледавме 4 дена, по кои и тој ме остави.“
Луѓето ги документираат убавите работи во животот
„Моментално страдам од депресија. Мојот живот изгледа убаво и среќно и никој не знае дека секој ден се будам со анксиозност и сум беспомошна. Луѓето гледаат дека имам авантури низ убавиот град, но тие не знаат дека нема да ја објавам фотографијата од сеансата со психијатарот кој ми објаснуваше дека единствен спас ми се антидепресивите.“
Смеење за фотографијата
„Ова сум јас на покривот од мојата зграда и се присилувам да се насмеам. Секој пат кога мојата најдобра пријателка ме фотографира помислувам на тоа дека 5 години сум без момче и дека немам со кој да се фотографирам. Осамена сум. Барем мојата коса изгледа добро.“
Понекогаш секој се чувствува изгубено
„Оваа фотографија ја направив кратко откако се преселив од мојот стан во помал град. Бев во депресија, ја изгубив контролата над животот и се прашував дали го живеев животот за мене или за другите. Постојано бев тажна. Јас и моето момче се шетавме околу ова езеро мислејќи дека сонцето и природата ќе ми годат. Мислев дека ми помогна тоа, но кога се вративме дома ми недостасуваше она што го оставив зад мене и се чувствував изгубено.“