Неочекувани непријатности што би ги предизвикале супермоќите - Part 2

Неочекувани непријатности што би ги предизвикале супермоќите

Суперсила

Неочекувани непријатности што би ги предизвикале супермоќите

Како ја замислуваме?

Способноста да можете да подигнете авион е навистина примамлива. Можете да ја користите оваа моќ за самоодбрана, па дури и за сами да ја разместувате покуќнината. Суперсилата ќе ви даде самодоверба и ќе направи да се чувствувате непобедливи.

Како навистина изгледа?

Комплексноста на оваа моќ се наоѓа во нејзиното име. Навистина е тешко да ја користите оваа сила кога е без димензија. Дали некогаш сте удриле некој на шега, но несакајќи сте го повредиле? Сега замислете ја сличната ситуација, но овој пат поседувате сила што не можете да ја контролирате. Прегратките ќе станат навистина ризични. Исто така нема можете да држите ништо мало и кршливо.

Летање

Неочекувани непријатности што би ги предизвикале супермоќите

Како го замислуваме?

Ако можеме да летаме, за нас би немало граници. Ќе можеме да уживаме во неверојатни глетки и буквално да се вивнеме кон облаците. Покрај тоа, би заштедиле многу на авионски карти.

Како навистина изгледа?

Вистината е дека не сме птици. Ова значи дека ќе ви бидат потребни заштитни очила за време на летањето. Постојат многу инсекти што би можеле да завршат во вашите очи. На голема височина, судирот со птици би се случувал многу често. Исто така, колку повисоко летате, толку потешко ќе ви биде летањето. Со зголемувањето на височината, промената на нивото на кислород, атмосферскиот притисок и промената на температурата на воздухот, летањето би било навистина неудобно.

Бесмртност

Неочекувани непријатности што би ги предизвикале супермоќите

Како ја замислуваме?

Стравот од смрт е еден од основните човечки стравови, па многу луѓе би сакале да бидат бесмртни. Во тој случај нема да ви биде страв од болести и ќе можете да правите навистина опасни нешта. Ќе можете да го набљудувате напредокот на човештвото и ќе живеете засекогаш.

Како навистина изгледа?

Вечниот живот само звучи интересно. Постои важно прашање кога станува збор за бесмртноста: Како ќе го поминувате сето тоа време? Сите ние имаме потреба од нови емоции, искуства и сензации. Ако сте бесмртни, ќе дојде период кога ќе нема што ново да научите. Ќе биде невозможно да се изненадите и животот ќе се претвори во здодевен, бескраен број часови. Исто така знаеме дека природните ресурси не се бескрајни. Ќе живеете вечно, но прашањето е како? Ако сте само вие бесмртни, порано или подоцна сите луѓе што ги знаете и сакате ќе умрат. Ќе останете сами цела вечност.

Зборување со животни

Неочекувани непријатности што би ги предизвикале супермоќите

Како го замислуваме?

Би било навистина одлично да знаете што вашето милениче бара од вас. Ќе можете да знаете дали е гладно, дали е во ред и ќе го научите на дисциплина. И ова важи за сите животни, дури и најопасните би можеле да ве разберат.

Како навистина изгледа?

Сега замислете дека не го разбирате само вашето милениче, туку и кучето што лае надвор и мачката што непрекинато мјаука. Пеењето на птиците повеќе не е мелодија туку конкретна порака. Ова изобилство од звуци ќе почне да ви пречи.

Дали знаете какви супермоќи поседуваат хороскопските знаци?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар