Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните - Part 2

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

9. Нашиот најблизок генетски роднина

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Бонобо мајмунот е нашиот најблизок генетски роднина. Овие мајмуни се речиси неагресивни, матријархални и користат секс за решавање на сите проблеми. Се впуштаат во истополов секс и секс без пенетрација, и тоа на секоја возраст.“

10. Бојата на мајмуните лангур

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Мајмуните лангур имаат сребрено-сива боја. Но, бебињата имаат светло портокалова боја на крзното.“

11. Сапуница на горилата

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Горилите се вљубуваат едни во други, но и во луѓето коишто се грижат за нив. Машките горили мастурбираат. Не знам дали и женките го прават тоа, ги немам видено. Понекогаш нивните кафези се како вистинска сапуница.“

12. Бучни желки

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Желките имаат многу гласен секс. Навистина многу гласен.“

13. Неочекувана вокализација на белоглавиот орел

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Вокализацијата на белоглавиот орел не е она што го очекувате. Кога на филмовите ќе видите белоглав орел и ќе слушнете магичен звук, тоа воопшто не е орелот. Тие звучат повеќе како мало маче наместо како птица.“

14. Потребите за спиење на жирафите

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Жирафите спијат само 1 до 2 часа дневно.“

15. Гризли наспроти кафеава мечка

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Сите гризли се кафеави мечки, но не сите кафеави мечки се гризли. Гризли мечките се поткатегорија на кафеавите мечки.“

16. Роговите на носорогот

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Ако носорогот го изгуби својот рог, тој расте многу побрзо отколку што мислите. Една женка од нашата зоолошка, Рози, го има изгубено рогот 2 пати.“

Прочитајте ги и овие факти кои ќе ви го сменат мислењето за некои животни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар