Науката зад 10-те библиски чуми
6. Пликови
Брзо по изумирањето на добитокот, Египќаните биле нападнати од шестата чума – пликови кои ги прекривале нивните тела. Пликовите се болни израстоци, обично опкружени со црвена и потечена кожа и најчеста причината за нив е бактерија која се наоѓа на самата кожа. Според лузните кои биле пронајдени на мумиите од тој период, можно е во овој случај да станувало збор за епидемија од мали сипаници.
7. Огнен град
Седмата чума била град кој бил придружен со грмотевици и оган. Од него биле погодени луѓето, добитокот и дрвата, но Израелците биле поштедени од штетата. Една вулканска ерупција од пред 3500 години на Санторини, остров во Егејското море, може да биде објаснувањето за оваа чума. Можно е вулканскиот чад да се измешал со бурата над Египет водејќи до овој пекол.
8. Скакулци
Кога фараонот уште еднаш одбил да ги пушти Евреите, гладни скакулци го нападнале Египет. Вулканската ерупција на Санторини можно е да креирала добри услови за скакулците. Паѓањето на пепелта предизвикала аномалии во временските услови, а со тоа и поголема влажност на воздухот. А ова е тоа што ги привлекува скакулците.
9. Темнина
Оваа чума можно е да била соларна еклипса или облак од вулканска пепел. Според Стариот Завет, темницата била толку густа што луѓето не можеле да се гледаат еден со друг цели 3 дена. И оваа чума не им наштетила на Израелците. Можеби темнината се совпаѓа со еклипсата која се случила на 5 март, 1223 година пред нашата ера. Сепак, не е јасно како Израелците „уживале во дневна светлина“.
10. Смрт на провородените
Во десеттата и последна чума, Мојсеј му вели на фараонот дека сите првороденчиња ќе умрат. Можно е алгите од првата чума да испуштиле отровни супстанци кои се смртоносни за луѓето. Првородените би биле првите кои го собирале житото, па можеби затоа биле првите жртви на овие супстанци.
Прочитајте и за 10-те најсмртоносни болести во историјата!