Научниците отфрлиле едно од најважните астрономски откритија бидејќи било направено од страна на жена - Part 2

Научниците отфрлиле едно од најважните астрономски откритија бидејќи било направено од страна на жена

Нејзиниот поранешен професор, Артур Едингтон, напишал препорака во која изјавил:

„Таа има стекнато широко знаење за физичката наука, вклучувајќи ја и астрономијата, и поседува вредни квалитет и ентузијазам во работата… Верувам дека таа е личност којашто ако ѝ се даде можност, ќе го посвети целиот нејзин живот на астрономијата и не би сакала да избега по само неколку години тренинг за да се омажи.“

Научниците отфрлиле едно од најважните астрономски откритија бидејќи било направено од страна на жена

Во 1923-та година таа станала Национален пријател истражувач на Универзитетот Харвард во Масачусетс. Две години подоцна, таа станала првата личност која докторирала на Колеџот Редклиф во областа астрономија која ја завршила дипломската во Опсерваторијата.

Научниците отфрлиле едно од најважните астрономски откритија бидејќи било направено од страна на жена

Нејзината неверојатна докторска теза во која тврди дека ѕвездите се воглавно составени од хелиум и водород била пречекана со многу скептицизам. Нејзиниот колега, астроном Хенри Норис Расел, кој се сомневал во нејзината теорија, успеал да ја убеди да не ја објавува. Во 1930-та тој ја објавил како негово откритие. Истражувањето на Сесилија од 200 страници било игнорирано, а таа ја изгубила заслугата за него. Кога-тогаш, научниците станале свесни за нејзиното дело. Ото Струв ја опишал нејзината оригинална теза како „најбрилијантната докторска теза напишана во астрономијата“.

Научниците отфрлиле едно од најважните астрономски откритија бидејќи било направено од страна на жена

За жал, ова не бил единствениот пат кога се случило нешто вакво. Исто така ја убедиле да не го објавува откритието за ефектот Старк во спектарот на најжешките ѕвезди, како и откритијата за меѓуѕвездената апсорпција. Овие откритија им биле припишани на други научници.

Научниците отфрлиле едно од најважните астрономски откритија бидејќи било направено од страна на жена

Сесилија ја добила титулата астроном во 1938-ма година. Ја задржала оваа позиција до 1956-та година, кога станала првата жена професор на Харвард. Исто така таа била првата жена која била главна на оддел и во 1956-та година станала главна на Одделот за астрономија на Харвард.

Научниците отфрлиле едно од најважните астрономски откритија бидејќи било направено од страна на жена

И покрај половите дискриминации со коишто се соочила, Сесилија им го поплочила патот на идните жени научници. Денес е позната како најголемиот астроном во историјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар