Научете како да ја гледате вашата аура и како редовно да ја чистите

Научете како да ја гледате вашата аура и како редовно да ја чистите

Чистењето на аурата е неопходно за спиритуалната хигиена. Чистата аура е исполнета со харизма и токму затоа предизвикува подобри односи со другите луѓе. Доколку вашата аура е чиста, вие ќе привлекувате многу повеќе луѓе кои ќе сакаат да ви помогнат или да ви направат некаква услуга, но исто така и подобро ќе се согласувате со нив.

Научете како да ја гледате вашата аура и како редовно да ја чистите

Аурата е енергетско поле кое се протега дваесетина сантиметри околу телото. Човечката аура се состои од бројни сенки, но обично секој од нас во својата аура има одредена доминантна боја која се менува според здравјето, расположението, духовноста и емоционалноста. Но, она што е најинтересно е дека вие не треба да бидете духовно развиени со цел да ја видите сопствената аура. Постојат многу вежби кои можат да ви помогнат во тоа…

Значење на боите во аурата

Иако боите на аурата се менуваат, постојат мали знаци што тие би можеле да значат доколку во моментот се доминантни:

  • Црвената открива агресивност, склоност кон забава и подготвеност на акција.
  • Портокаловата најчесто се појавува кај личност која го следи својот прв впечаток во однос на другите, која е чувствителна и сочувствителна.
  • Жолтата претставува независност, слободоумност и интелектуална личност која треба да внимава да не се грижи премногу.
  • Зелената ужива во различноста и промените, понекогаш е наивна, но секогаш е миротворец.
  • Сината претставува исклучителни комуникациски способности, верност и креативност, без разлика на полот.
  • Виолетовата значи искрена заинтересираност за спиритуалноста, свесност за себе, високи критериуми и подготвеност да се штитат другите.
  • Белата претставува личност која е срамежлива и интровертна, полна со ментална енергија, но и нервоза и напнатост.

Чистење на аурата

Чистењето на аурата е неопходно за спиритуалната енергија. Токму затоа со секојдневното чистење на нашата аура ние се чистиме себеси од психолошки напади и болести. Овој процес на чистење одзема само неколку минути дневно, но дефинитивно вреди да издвоите малку време за него. Доколку некоја личност е болна или депресивна, тогаш аурата е нечиста и може да ѝ бидат потребни многу медитации со цел да се исчисти. Најидеално би било доколку 2 пати дневно ја чистите, по будењето и пред спиењето, но за почеток еднаш на ден е сосема доволно.

Чистењето на аурата пред спиење е неизбежно, особено ако сте биле во контакт со многу луѓе во текот на денот бидејќи сте собрале многу енергија која може да резултира со појава на проблеми. Но, како да ја исчистите вашата аура? Постапката е многу едноставна и ќе ви одземе само неколку минути…

Замислете сјајно светло пред вас кое целосно ве опколува. Чувајте ја оваа слика во мислите неколку минути, а потоа замислете како светлото станува сè посилно и поинтензивно на сите чакри, како минијатурни сонца.

Вежби за гледање на аурата

Кога се штитиме, ние несвесно ја повлекуваме аурата поблизу до телото, но исто така можеме и да ја поместиме подалеку од нас во оние моменти кога сме опуштени и кога се чувствуваме силно. Вежбата за гледање на аурата е исто така многу важен процес бидејќи таа лесно може да им овозможи на сите да се уверат во своите способности. Токму затоа земете празен бел лист хартија во А4 формат и поставете ја врз него вашата дланка така што прстите да ви бидат малку одделени еден од друг. Помеѓу показалецот и средниот прст нацртајте една точка, со големина на мало зрно грашок, по можност во црна боја. Фокусирајте го својот поглед на таа точка и гледајте без прекин неколку минути. По некое време, различно за секој човек, по краевите на вашите прсти ќе почне да ви се појавува енергетски слој – аура, која на почетокот ќе ви изгледа безбојно, но со внимателно набљудување ќе успеете да забележите и други нијанси на бои.

Друг начин на кој можете да ја видите сопствената аура е доколку застанете пред огледало, во добро осветлена просторија и се опуштите. Набљудувајте ја својата глава и областа околу рамената. Насочете го погледот кон едната страна и набрзо ќе почнете да ја забележувате електромагнетната енергија околу вас, како еден вид поле со светлина.

Со редовно вежбање на овој начин, многу брзо ќе ја развиете способноста да забележувате аури и на други луѓе и токму ова е многу важно за оние кои се занимаваат со каков било вид спиритуална работа. Во туѓите аури можеме дури да забележиме и различни симболи, понекогаш дури и личности, особено ако се или неодамна биле љубовници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Elena Reply

    da,no dali znaete deka meditacijata pred spiejne moze da predizvika Lucid Dreaming, sto sekoj razlicno go dozivuva i za nekogo moze da bide opasno..

    • Dejan Reply

      Всушност, lucid dreaming воопшто не е опасно дури и е добро. Овој термин значи дека кога некој сонува тој е свесен дека се тоа е само сон и дури може до некој степен да го контролира тоа што се случува во сонот.
      Мене доста често ми се случува тоа и доста интересно искуство е 🙂

  2. Dejan Reply

    Доста добар текст. Веќе некое време се интересирам и читам доста за спиритуални работи и аури. Неколку пати пробував да си ја видам аурата но најмногу што успевав беше да видам еден тенок слој од прозирна енергија.
    Дотогаш пробував како позадина да користам зид кој што и не е баш мазен а и е нијанса на жолта боја. Кога го прочитав текстов пробав со бел лист и со црната точка. За неколку минути таа прозирна енергија што ја гледав предходно одеднаш на дел од секунда доби боја. НЕ ми се веруваше. Продолжив со обидот. Секоја наредна минута бојата почна да се појавува се почесто и почесто, се додека не стигнав до ниво да можам повеке од 20ина секунда да ја гледам без престан.
    Инаку бојата беше зелена 🙂
    Наредно ми е да пробам да ја гледам околу главата, и кај други луге 😀

Остави коментар