Наставниците од едно училиште испратиле генијална порака до родителите на нивните ученици

Наставниците од едно училиште испратиле генијална порака до родителите на нивните ученици

Наставниците честопати им даваат на учениците еден куп различни листи: Листа на лектири што треба да ги прочитаат, на задачи што треба да ги изработат и на правила за однесување што треба да ги почитуваат во училницата. Но, наставниците од едно основно училиште во Белмонт, САД, решиле да им дадат на своите ученици листа што малку се разликува од останатите. Имено, таа била наменета за родителите и се состоела од 21 правило за тоа што тие треба, а што не треба да прават кога станува збор за нивните деца. Погледнете за кои правила станува збор…

Ова училиште ипратило генијална порака до сите родители на неговите ученици

21 правило од вашето дете

1. Не ме разгалувајте. Многу добро знам дека не треба да добијам сѐ што ќе посакам. Само ве тестирам.

2. Не плашете се да бидете строги со мене. Напротив, тоа прави да се чувствувам посигурно.

3. Не ми дозволувајте да стекнам лоши навики. Од вас зависи дали ќе научам да ги препознавам уште од мали нозе.

4. Не правете да се чувствувам помало одошто сум. Тоа само ме предизвикува да се однесувам како да сум „голем“.

5. Не ме поправајте пред други луѓе, доколку можете да ми помогнете. Многу посериозно ќе ве сфатам ако разговарате со мене на само.

6. Не правете да мислам дека моите грешки се гревови. Тоа го поместува мојот систем на вредности.

7. Не ме заштитувајте од последиците. Понекогаш морам да научам на поболниот начин.

8. Не обрнувајте премногу внимание на моите мали разболувања. Понекогаш тие ми го даваат вниманието што ми треба.

9. Не се лутете кога ќе ви кажам дека ве мразам. Не ве мразам вас, туку вашата моќ што ме спречува да правам што сакам.

10. Не бидете напорни. Доколку премногу ми досадувате, ќе морам да се заштитам со тоа што ќе се преправам дека сум глув.

11. Не давајте избрзани ветувања. Имајте на ум дека се чувствувам многу разочарано кога нема да го исполните ветувањето.

12. Не заборавајте дека не можам да се изјаснам толку добро колку што би сакал. Поради тоа моите зборови понекогаш немаат смисла.

13. Не ја земајте мојата искреност здраво за готово. Кога ќе се исплашам, почнувам да лажам.

14. Не бидете непостојани. Тоа многу ме збунува и прави да губам доверба во вас.

15. Не ме игнорирајте кога ќе ви поставам прашање. Ако го правите тоа, ќе видите дека наскоро ќе престанам да ве прашувам и ќе почнам да ги барам одговорите на друго место.

16. Не ми кажувајте дека моите стравови се глупави. Тие се многу вистински и би можеле да ми помогнете ако се обидете да ги разберете.

17. Немојте никогаш да се претставувате како совршени и неуништливи. Ќе доживеам преголем шок кога ќе дознам дека не сте ниту едното ниту другото.

18. Никогаш немојте да мислите дека ви е под чест да ми се извините. Многу повеќе ќе ве засакам по искреното извинување.

19. Не заборавајте дека многу брзо растам. Сигурно ви е тешко да го следите секој мој чекор, но ве молам обидете се.

20. Не заборавајте дека сакам да експериментирам. Не би можел да пораснам без тоа, така што ве молам толерирајте го.

21. Не заборавајте дека не би можел да созреам без вашата љубов и разбирање кои ми требаат во огромни количини, но ова не би требало да ви го кажувам, нели?

Овој правилник не се однесува само на училиштето и децата, туку би можел да се примени во сите животни сегменти. Нема сомнеж дека ова 21 парче родителска мудрост ќе ве наведе на размислување и ќе ви го промени погледот кон светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар