Направи сам: 25 летни проекти за подобро расположение
6. Креда за тротоар
Една од најзабавните летни активности е цртање на тротоарот со креда. Но наместо да купувате, обидете сами да ги направите кредите. Можете да користете калап за свеќи или за сладолед и ќе добиете уникатна форма.
7. Сладолед од чај
Ако сакате чај, зошто да не го претворите во вкусен десерт погоден за топлите денови? Ставете чај во калап за сладолед и тоа е сè! Доколку немате, можете да користите и калап за мраз.
8. Стара кутија
Ако имате обична кутија од калај, претворете ја во футрола за очила или нешто слично.
9. Пињата
Потребен ви е еден балон. Покријте го балонот со мешавина од хартија, лепило и вода, и оставете мал отвор. Откако ќе се исуши, дупнете го балонот и можете да ја наполните пињатата со слатки!
10. Мал шатор
Иако изгледа тешко, постои лесна верзија за правење шатор за која не е потребно шиење. Ова може да биде удобно катче за дружење во топлите денови.
Продолжува на следната страница…