Направете сами: Шатор за вашата мачка - Part 2

Направете сами: Шатор за вашата мачка

Свиткајте ги краевите на жиците и покријте ги со лента

Свиткајте барем 3 сантиметри од жиците кои ги вметнавте низ дупките, па покријте ги со лента. Можете да залепите дури и неколку слоеви, за жицата да не ја оштети маицата.

Направете сами: Шатор за вашата мачка

Направете сами: Шатор за вашата мачка

Проверете дали е сѐ во ред

Ако е потребно, дополнително свиткајте ја жицата така што краевите ќе изгледаат рамномерно. За ова можете да користите и клешти.

Направете сами: Шатор за вашата мачка

Направете шатор

Ставете ја маицата преку рамката за шатор и наместете ја така што отворот за главата ќе биде на средина на предната страна, а долната страна на маицата под картонот. Преклопете го вишокот на долниот дел маица и развлечете така што отворот за главата ќе биде растегнат, а потоа прицврстите со безопасни игли. Исто така затегнете ги и ракавите и нив прицврстете ги. Како што можете да забележите на последната слика, маицата треба да биде прилично затегната околу рамката. Затоа, прицврстете ги краевите сѐ додека не бидете задоволни со крајниот изглед на шаторот. Ако сакате можете да го исечете и вишокот маица, но на овој начин ќе можете да ја откачете маицата од безопасните игли и да ја исперете кога ќе има потреба.

Направете сами: Шатор за вашата мачка

Направете сами: Шатор за вашата мачка

Дајте ѝ го шаторот на вашата мачка

Покажете ѝ го шаторот на вашата мачка, па следете ги нејзините реакции за да видите дали ѝ се допаѓа!

Направете сами: Шатор за вашата мачка


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар